03.02.2024

Една одлична четвртина им беше доволна на кошаркарите од Македонска Каменица да го совладаат Куманово-Гризли, (70:54)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам недостижен за кумановки

Добрата форма во која полека влегува актуелниот шампион во овој втор дел од сезоната ја потврди и на гостувањето во Куманово. Одлични десет минути, и пред се ефикасни, во втората четвртина (ја решија во своја корист со 27:13) им беа доволни на кошаркарките на Баскет Кам 2011 да излезат како победници против мотивиранито кумановски состав.

На крајот тоа изгледа и убедливо (70:54) во корист на екипата од Македонска Каменица која сега е на скор (11-2), и има победа повеќе во однос на Вардар, кој својот меч од ова 13. коло (против МЗТ Скопје Аеродром) ќе го одигра во текот на наредната седмица.

Димова беше прво име во победничката екипа. Искусната кошаркарка реализираше 28 поени. Капитенот Поп Димитровска додаде 20.поени, а Кметовска уште 11.

Кај Куманово-Гризли, најискусната во нивните редови, Алексиќ, реализираше 29.поени.

А кошаркарките на Крива Паланка направија уште еден чекор кон горниот дел од табелата откако со одлична игра во првата и во третата четвртина стигнаа до триумф во дуелот против кавадаречки Пробаскет од (94:73).

Американската кошаркарка, Мек Кала имаше 39, а Алексовска 21, а Хоукинс уште 20. реализирани поени во победничката екипа.

На спротивната страна, Јовановиќ беше стрелец на 28.поени, Бошкова постигна 16, а Тодорова уште 12.поени.

Со позитивен скор (7-6), и натпревар повеќе, девојките од Крива Паланка се пробија на третата позиција на табелата

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

Куманово-Гризли – Баскет кам 2011 54:70

Крива Паланка – Пробаскет     94:73

7. ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

16.00: Бадел 1862 – Струга 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/k0LWcj_ANeY?si=6SFciueJaUQAAB_w

8. ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Qfm9kVtHYK4?si=zw11SKRQwcRezfzI

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 24, Вардар 22, Крива Паланка 20, МЗТ Скопје Аеродром 20, Куманово-Гризли 19, Пробаскет 18, Бадел 1862 15, Струга 2009 12;