22.03.2024

Уште три кола од вториот дел, т.н. „Оролоџо“ ги очекуваат осумте екипи од групата „А“ во Првата лига-жени

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам оди во Куманово, по „потврда“ на „единицата“

А во овој петти круг, можеби ќе стигне и потврдат за распределбата на некои од позициите од кои ќе почне третиот и решавачки дел – Плеј-офот односно битките за шампионската титула.

Скоро извесно е дека од најдобрата стартна позиција ќе тргне актуелниот бранител на шампионскиот трофеј, екипата на Баскет кам 2011, која во сабота, од 18.часот, во Куманово, може и да го официјализира тоа.

Секако, под услов да излезе како победник во дуелот со екипата на Куманово-Гризли. Девојките од Македонска Каменица имаат голема предност во однос на екипата на Вардар (скор 13-5), три бода повеќе, и со оние два од дуелот во Куманово, на две кола пред крајот ќе бидат недостижни.

Но свои „математики“ секако има и екипата од Куманово, која пак се бори за третото место на табелата кое носи предност на домашен терен во првиот круг од доигрувањето, и условно, полесен противник на патот кон полуфиналето.

Кумановки имаат идентичен ефект (11-7) како и екипата на МЗТ Скопје Аеродром, која во ова коло не би требало да има проблеми во натпреварот на домашен терен, против последнопласираната Струга 2009.

А во дуелот во кој ќе се сретнат екипите на Пробаскет и на Бадел 1862 (недела, 14.30 часот, сала „Јасмин“ во Кавадарци), веројатно ќе стигне и одговорот која од нив ќе заврши на шестата позиција на табелата, а кој ќе биде седмопласиран во регуларната фаза од првенството.

Екипата на Вардар ќе ја брани втората позиција на табелата на гостувањето во Крива Паланка, екипа која е петтопласирана со реални шанси на истата и да го заврши вториот дел од сезоната.    

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

ДВОЈКИ 5. КОЛО

23.МАРТ (САБОТА)

11.00: МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WqGL6ZUYG8M?si=xHJlG4niDDMIRjbX

18.30: Куманово-Гризли – Баскет кам 2011

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/udNoDkXbl4o?si=kZOtTzrGMNIV4pKn

24.МАРТ (НЕДЕЛА)

14.30: Пробаскет – Бадел1862

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dyoMnMcl77w?si=yyVaPi31qlJkXpIj

18.00: Крива Паланка – Вардар

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 34, Вардар 31, Куманово-Гризли 29, МЗТ Скопје Аеродром 29, Крива Паланка 27, Бадел 1862 24, Пробаскет 24, Струга 2009 18;

ПРВА „Б“ЛИГА - ЖЕНИ

ДВОЈКИ 16. КОЛО

23. МАРТ (САБОТА)

13.00: Гостивар – Тим Арена

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Azsx781u9eE?si=IRcg7RaB0DIaWca_

24.МАРТ (НЕДЕЛА)

14.15: Риниа – Патриот 2016

Сала „Христијан Тодоровски-Карпош“- Куманово

17.00: Јан Бор – Охрид

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

25.МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: Шкупи – Пониква 2022

Сала „Зеф Љуш Марку “ - Скопје

Спорт тим - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 26, Шкупи 24, Патриот 2016 23, Охрид 22, Гостивар 2009 20, Јан Бор 17, Риниа 14, Спорт тим 14, Пониква 2022 13;