Дуелот во Македонска Каменица, помеѓу екипите на Баскет кам 2011 и МЗТ Скопје Аеродром беше оквалификуван како дерби на последното, 14. коло од првата фаза.
Но случувањата на теренот во салата „Кирил и Методиј“ не го „потврдија“ тоа. Постоеше само една екипа – домашната, која на крајот дојде и до повеќе од убедлива победа (102:58), за потврда на првото место пред следниот круг од натпреварите во групата „А“ кои ќе се играат според т.н. „Оролоџо“систем (уште седум кола).
А некако во „преден план“ беа остварувањата на Ивана Кметовска и Цветанка Димовска.
Репрезентативното крило реализираше двоен ефект од 25.поени, 15 скока, имаше и три асистенции, додека нешто слични бројки имаше и Димова, која заврши со 27.поени и 10 скока, и исто така, три успешни додавања.
Во домашната екипа, Адамоска даде 13 поени (и девет асистенции), исто толку и капитенот Поп- Димитровска, додека Николов беше стрелец на 12. Поени (и четири асистенции).
Во гостинската екипа, далеку најефикасна беше Томас, која постигна 27.поено, а 19.поени даде нејзината американска сонародничка Ричардсон.
Многу понеизвесен меч се играше „Под Кале“ каде актери беа екипите на Вардар и на Крива Паланка. По голема борба, буквално до последните секунди, победата ја однесоа „вардарки“. Беше минимална, (84:82) реализирана со двете слободни фрлања во финалните секунди.
Претходно, домашната екипа имаше предност на полувремето, иако не висока (49:43), слично беше и на истекот на третиот период (70:63).
Сепак двете екипи го дочекаа последната минута со егал скор (82:82), а во последните секунди „вардарки“ беа поснаодливи во нападот. Остварија два офанзивни скока од кои поентираа за победа.
За нив 11. во првата фаза од првенството, и второ место на табелата.
Една од најмладите во ростерот на „црвено-црните“, Ања Начевска, беше и најефикасниот играч, реализираше 24.поени, добар дел од нив во второто полувреме, а освен тоа, младата репрезентативка имаше и осум скока. Одлична ол-раунд игра прикажа Матие, која освен 14. поени, додаде и 17.скока, и пет асистенции. Зафировска реализираше 15, а Димитријевиќ уште 14. поени за Вардар.
На другата страна, онаа на Крива Паланка, Мек Кала даде 21.поен, репрезентативката Алексовска имаше 20 (плус и седум успешни додавања). Двоен ефект направи Хоукинс (17.поени и 13.скока), додека 12. поени за гостинките дојдоа од Стоевска.
Екипата на Бадел 1862 го покажа својот квалитет на гостувањето во Кавадарци Беше многу подобра од Пробаскет (103:71), па овој прв дел од првенството „баделки“ го завршуваат со скор (5-9) и делба на позицијата број 6, токму со екипата од Кавадарци.
На 13.февруари (среда) во салата „Нико Нестор“, Струга 2009 го дочекува составот на Куманово-Гризли.
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14.КОЛО
Баскет кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром 102:58
Пробаскет – Бадел 1862 71:103
Вардар – Крива Паланка 84:82
14.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)
18.00: Струга 2009 – Куманово-Гризли
Сала „Нико Нестор“ – Струга
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bOpvE8EgUZk?si=fx1_a34wW7PBv2o3
ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 26, Вардар 25, МЗТ Скопје Аеродром 23, Крива Паланка 21, Куманово-Гризли 19 (-1), Пробаскет 19, Бадел 1862 19, Струга 2009 13 (-1);
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО
Јан Бор – Шкупи 42:79
Гостивар – Риниа 68:30
Охрид – Спорт тим 68:29
Тим Арена - Пониква 2022 85:38
Патриот 2016 - слободен
ТАБЕЛА: Шкупи 19, Патриот 2016 18, Тим Арена 18, Охрид 16, Гостивар 2009 15, Јан Бор 13, Риниа 12, Спорт тим 11, Пониква 2022 9;
ИДНО КОЛО
Спорт тим – Јан Бор
Шкупи – Гостивар 2009
Патриот 2016 – Тим Арена
Пониква 2022 – Охрид
Риниа - слободен