27.11.2023

Во дуелот на шампионот и освојувачот на Купот, убедлива победа за екипата од Македонска Каменица (67:51)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам шампионски во Аеродром

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 однесоа победа во дерби дуелот на 7. коло во Првата лига-жени во која за противник го имаа составот на МЗТ Скопје.

На гостувањето во Аеродром, екипата која ја предводи Жаклина Стојановска имаше убедлив настап кој беше награден со висока победа (67:51), која го остава бранителот на титулата на делба на првата позиција на табелата заедно со екипата на Вардар (двете екипи се на скор 6-1).

Одличен почеток имаа кошаркарките од Македонска Каменица на натпреварот во СЦ „Јане Санански“. Во само пет минути оние почетните, направија предност од (20:7), до истекот на првата четвртина имаа (26:14).

Таа позитива успеаја да ја зголемат до полувремето, на паузата заминаа со уште повисоки (42:25).

Најдобриот период од играта девојките во „сино-бела“ комбинација го имаа по оние 15.минути за одмор. Анулираа дел од високата негатива, по три одиграни периоди беше (48:37) за шампионот, кој не дозволи таа разлика да стане и едноцифрена во онаа последната.

Цветанка Димова реализираше 22.поени, имаше и пет скока и три асистенции, а доминацијата во рекетот ја потврди Ивана Кметовска, која освен 19.поени, имаше и 14.скока и 7.асистенции.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Томас постигна 17, Џефрис 14, а Волнијанска уште 12.поени.  

Многу важна победа во трката за првата стартна позиција реализираа и кошаткарките на Вардар. Славеа на гостувањето во Крива Паланка со (66:61), и се вратија на победничката патека која и ги донесе на врвот на првенствената табела.

Гостинска победа однесе и екипата на Пробаскет, која беше многу подобра од Бадел 1862, славеше со убедливи (87:44). А убедлив настап во ова коло имаа и кошаркарките на Куманово-Гризли, во мечот против Струга 2009, кој го добија со резултат (70:37).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   51:67

Бадел 1862 – Пробаскет 44:87

Куманово-Гризли – Струга 2009         70:37

Крива Паланка – Вардар           61:66

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 13, Вардар 13, МЗТ Скопје Аеродром 12, Куманово-Гризли 11, Пробаскет 10, Крива Паланка 9, Бадел 1862 9, Струга 2009 7;

ИДНО КОЛО (02.12)

Баскет Кам 2011 – Струга 2009

Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром

Куманово-Гризли – Пробаскет

Бадел 1862 - Вардар

 

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО

Спорт тим – Пониква 2022       47:67

Патриот 2016 – ГКК Охрид        86:46

Риниа – Тим Арена          43:84

Јан Бор – Гостивар 2009 40:52

Шкупи - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 7, Шкупи 6, Патриот 2016 6, Гостивар 2009 6, ГКК Охрид 6, Јан Бор 6, Пониква 2022 4, Спорт Тим 4, Риниа 3;

ИДНО КОЛО (02.12)

Гостивар 2009 – Спорт тим

Тим Арена – Шкупи

ГКК Охрид – Риниа

Пониква 2022 – Патриот 2016

Јан Бор - слободен