05.12.2022

Две екипи кои го делат првото место на табелата успешно ја одработија шестата првенствена рунда, следува дербито на полусезоната

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Дербито за „вардарки“, Баскет Кам 2011 едвај помина во Аеродром

ФОТО: Младите кошаркарки на Крива Паланка беа подобри од Струга 2009

Екипата на Вардар го доби големото дерби на 6. коло, на свој терен во „Кале“, девојките во „црвено-црна“ комбинација славеа победа над актуелниот бранител на шампионската титула – Бадел 1862 со сигурни (69:55).

Тоа е и шеста по ред победа за Вардар во новата сезона која ги држи на водечката позиција на табелата.

Многу потешка работа имаше Баскет Кам 2011. Актуелниот освојувач на Купот, и ко-лидерот на табелата со судни маки стигна до триумфот на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром (80:77), и го задржа стонастониот ефект, а пред долго очекуваниот дуел на полусезоната, оној против Вардар, кој ќе се игра следниот викенд во Македонска Каменица.

До првата победа во прволигашката конкуренција стигнаа кошаркарките на Гризли, беа подобри од Пробаскет (70:38), а до втората, младиот состав на Крива Паланка, на домашен терен, против Струга 2009 (70:63).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Крива Паланка – Струга 2009  70:63

Гризли – Пробаскет         70:38

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   77:80

Вардар – Бадел 1862      69:55

ТАБЕЛА: Вардар 12, Баскет Кам 2011 12, МЗТ Скопје Аеродром 9, Бадел 1862 9, Струга 2009 9, Крива Паланка 8, Гризли 7, Пробаскет 6;

ИДНО КОЛО (10.12)

Пробаскет – Крива Паланка

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Бадел 1862 – Гризли

Баскет Кам 2011 - Вардар

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Јан Бор - Спорт тим          75:35

Гостивар – Риниа  52:28

Патриот 2016 – Пелистер          95:51

Шкупи – Пониква 2022  72:62

ЖКК Куманово 2020 – слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 13, Патриот 2016 13, Гостивар 2009 12, Јан Бор 12, Пелистер 11, Пониква 2022 10, ЖКК Куманово 2020 9, Риниа 8, Спорт тим 7;

ИДНО КОЛО (10.12)

Пелистер – Шкупи

Спорт Тим – Патриот 2016

Риниа – Јан Бор

ЖКК Куманово 2020 – Гостивар 2009

Пониква 2022 - слободен