15.10.2022

МЗТ Скопје Аеродром победник во дуелот со Крива Паланка (59:46) како мало изненадување на стартот на сезоната

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Фаворитите без грешка на премиерата

Овој викенд стартуваа и натпреварите од најдобрата женска лига во Македонија.

А на премиерата, без вистински изненадувања.

Актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862, иако со осетно подмладен состав, славеше победа на гостувањето во Кавадарци, против Пробаскет, на крајот и убедливо и ефикасно (95:82).

Мошне убедлив настап имаа и девојките на Вардар, на домашен терен дојдоа до плус од 33 поени (77:44), и најавија дека се подготвени да се вмешаат во трката за највисок пласман.

Во неа, јасно е, е вклучена и екипата која го брани трофејот во Купот, Баскет Кам 2011, која стартува со гостинска победа против новакот во оваа конкуренција, екипата на Гризли (85:63).

Можеби мало изненадување е сигурната победа на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, против Крива Паланка од (59:46).

Но јасно е, оваа сезона ќе биде можеби и најизедначената, особено поради промените кои се случија во двете водечки екипи во последните неколку сезони од женската сениорска конкуренција.  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      59:46

Пробаскет – Бадел 1862 82:95

Гризли -Баскет Кам 2011           63:85

Вардар - Струга 2009      77:44

ПРВА „Б“ ЛИГА

16.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

14.00: Патриот – Риниа

Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево

14.30: Шкупи – Спорт Тим

Сала „Иван Хаџи Николов“ - Скопје

00.00: Пониква – Пелистер

Сала „Љупчо Сантов“ - Кочани

18.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК):

19.00: Куманово – Јан Бор

Сала „Перо Наков“ – Куманово

Гостивар - слободен