Екипата на Баскет кам 2011 запиша уште една победа во меѓусебните дуели со Вардар, оние кои траат веќе неколку сезони, а дел од нив, оние во ланскиот шампионат решаваа и за титулата државен првак.
Екипата од Македонска Каменица стигна до нов, сега и убедлив триумф од (79:57), во најголема мерка по заслуга на извонредната Ивана Кметовска. Македонската репрезентативка реализираше 30.поени за победничката екипа, а одлично беше следена од Димова која уфрли 17 пдносно Поп Димитровска коај го заврши дербито со 14. реализирани поени.
Во гостинската екипа, Селцова дојде до 14. поени, Пислевска имаше 13, а Зафировска и Трајковска додадоа по осум.
По четири кола, Баскет кам има максиимални четири победи, за Вардар ова е веќе втор пораз од почетокот на сезоната.
А до прв успех стигнаа кошаркарките на МЗТ Скопје кои на свој терен беа многу подобри од кавадаречки Пробаскет (90:48).
Сарафилоска беше стрелец на 18.поени, Митева постигна 16, Петровска 15, а Алексова уште 12 за домашната екипа. Во гостинската, капитенот Стоева и Мицева реализираа по десет, а Мегленова еден помалку.
А во третиот натпревар од ова 4. коло, кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа до убедлива победа над делчевски патриот 2016 со резултат (83:58). Тоа е втора победа за „баделки“ од почетокот на новото првенство, која ги става веднаш зад водечкиот двоец, Баскет Кам 2011 и Крива Паланка кој е со максимален ефект, и без пораз во досега одиграните натпревари.
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет 90:48
Баскет кам 2011 – Вардар 79:57
Бадел 1862 – Патриот 83:58
ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 8, Крива Паланка 6, Бадел 1862 5, Патриот 2016 5, МЗТ Скопје Аеродром 4, Вардар 4,Пробаскет 4;
ИДНО КОЛО (16.11)
Крива Паланка – Баскет кам 2011
Пробаскет – Бадел 1862
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром