24.11.2023

Седмото првенствено коло носи дерби меч во кој играат актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Кој е подобар во моментов, МЗТ Скопје или Баскет Кам?

Крајот на првиот круг од натпреварите во Првата лига-жени, носи уште еден дерби натпревар. Ќе се игра во недела, од 13.часот, во СЦ „Јане Сандански“, каде актуелниот освојувач на Купот, МЗТ Скопје Аеродром го дочекува актуелниот бранител на шампионската титула – екипата на Баскет Кам 2011.

Дуел на две екипи кои по шест одиграни кола имаат идентичен ефект, пет победи и еден пораз. Па извесно е дека победникот на овој натпревар ќе остане на првата, лидерска позиција, на која претендира и екипата на Вардар.

Во овој круг од натпреварите „вардарки“ имаат гостување во Крива Паланка. Натпреварот во салата „Бранители 2001“ е закажан за недела, од 18.часот.    

Од 15.15 часот, во салата „Независна Македонија“, кошаркарките на Бадел 1862 ќе се обидат да дојдат и до трета победа во оваа прва фаза од првенството. За ривал ја имаат екипата на Пробаскет од Кавадарци.

Нешто подоцна, од 15.30 часот, во Куманово, екипата на Куманово-Гризли ќе игра против Струга 2009, единствениот тим кој засега е без успешен настап и победа.  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 7.КОЛО

26.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

13.00: МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/D5RUYMu15b8?si=UlTg1jgVViT9rkfe

15.15: Бадел 1862 – Пробаскет

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4yVNsh4FqWk?si=7f7RXq_p8TI4AkZd

15.30: Куманово-Гризли – Струга 2009

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/r38BQRv3fBc?si=eVpKguP3GArCva26

18.00: Крива Паланка – Вардар

Спортска сала „Бранители 2011“ – Крива Паланка

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 11, Вардар 11, МЗТ Скопје Аеродром 11, Куманово-Гризли 9, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 1862 8, Струга 2009 6;

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „Б“

ДВОЈКИ 4.КОЛО

25.НОЕМВРИ (САБОТА)

12.00: Спорт тим – Пониква 2022

Сала „Младост“ - Неготино

16.00: Патриот 2016 – ГКК Охрид

Сала „Методија Митевски – Брицо“ – Делчево

26. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

14.30: Риниа – Тим Арена

Сала „Христијан Тодоровски – Карпош“ - Куманово

16.00: Јан Бор – Гостивар

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

Шкупи - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 6, Јан Бор 5, Тим Арена 5, Патриот 2016 4, Гостивар 2009 4, ГКК Охрид 3 (-1), Спорт Тим 3, Риниа 2, Пониква 2022 1 (-1);