26.10.2023

Со натпреварот во салата „Перо Наков“, (вечерва од 20.часот), почнува четврттиот круг од шампионатот...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Кој ќе биде подобар во соседскиот дуел, Куманово или Крива Паланка?

Два дена порано од предвиденото, вечерва, со дуелот во салата „Перо Наков“ во Куманово ќе стартува четврттото коло во Првата лига-жени.

Во оние три, засега со максимален ефект се две екипи, бранителот на титулата, Баскет Кам 2011 и скопски Вардар.

Соседската пресметка во Куманово ќе треба да покаже која од двете екипи кои менуваа доста работи во ростерот во текот на летото важи како подобра.

Засега, по три одиграни кола, кумановки имаат една победа повеќе. Ја реализираа минатиот викенд, против еден од тимовите кои важат за фаворити и место во првата „четворка“, МЗТ Скопје, во Аеродром.

Прва победа во минатото коло запишаа и кошаркарките од Крива Паланка, на свој терен, беа убедливи против поранешниот шампион, Бадел 1862, што им дава дополнителни мотиви пред вечерашното гостување (20.часот) во Куманово.

Два натпревари од овој круг ќе се играат на 28.октомври (сабота).

Од 13.30 часот во СРЦ „Кале“, во „реприза“ на ланското финале на плеј-офот, Баскет Кам 2011 го дочекува тимот на Бадел 1862, додека некој час подоцна (16.00), во Струга, домашната екипа ќе се обиде да стигне до првиот триумф во сезоната во мечот со  МЗТ Скопје Аеродром.

Во недела пак, од 14.30 часот, во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ќе играат Пробаскет и ко-лидерот на табелата, екипата на Вардар.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

26. ОКТОМВРИ (ДЕНЕСКА)

20.00: Куманово-Гризли – Крива Паланка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/T8M0Lmh2ebM?si=8HN_zRitsnCpVAlN

28.ОКТОМВРИ (САБОТА)

13.30: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/fnsfABHqp5g?si=nQbGTpWOGR4Yeb9u

16.00: Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/c7DOjQWjAIY?si=pdz_3iDF71f7PS1N

29. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

14.30: Пробаскет – Вардар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OlJzDLF75s8?si=vN6Kvscc0E9J-e0J

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 6, Вардар 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Куманово-Гризли 5, Крива Паланка 4, Пробаскет 4, Бадел 1862 3, Струга 2009 3;