29.03.2024

Уште две кола од втората фаза се пред осумте екипи кои се дел од групата „А“.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Кој ќе остане на третата позиција, Куманово-Гризли или МЗТ Скопје?

Две рунди во кои треба да биде потврден и конечниот пласман и позициите од кои ќе тргнат во доигрувањето за шампионската титула.

Во ова шесто коло од „Оролоџото“, лидерот на табелата, екипата на Баскет Кам 2011, треба да го потврди првото место во дуелот со кавадаречки Пробаскет.

Натпревар кој е закажан за 31.март (недела, 13.часот), и во кој со триумф екипата од Македонска Каменица ќе ја потврди „единицата“, односно најдобрата стартна позиција во пресрет на финалниот дел од шампионат во кој ќе ја бранат титулата.   

Екипата на Вардар е сигурна на позицијата број 2. Имаат „вардарки“ две победи повеќе во однос на екипата на Куманово-Гризли, со која се среќаваат утре вечер од 18.30 часот на својот паркет.

Се чини дека многу поважни се овие 40. минути за гостинската екипа која „брка“ трето место на табелата, кое носи нешто полесен ривал во четвртфиналето на плеј-офот.

Но на таа позиција атакуваат и кошаркарките на МЗТ Скопје кои во овој круг од натпреварите ги чека дуелот со екипата на Крива Паланка, кој е предвиден за сабота, од 13.часот, во салата „Независна Македонија“.

За очекување е дека најмалку неизвесност ќе има на средбата во Струга, каде гостува екипата на Бадел 1862 која важи за голем фаворит во дуелот со последнопласираната екипа на табелата, која дефинитивно, ја чекаат и бараж-натпреварите со првопласираниот тим од групата „Б“, каде пак ќе се игра 17. претпоследно коло.  

Коло во кое можеби ќе падне одлуката која екипа ќе заврши на првото место. А ќе се решава на средбата во Делчево, закажана за недела, од 13.часот, а во која домаќинот, екипата на Патриот 2016 го дочекува скопски Шкупи.

Победата на овој меч ги води делчевки на првата позиција на која, во овој момент, е штипска тим Арена. Победа на Шкупи пак ќе донесе неизвесност до последен момент, односно разврската да биде во последното, 18. коло.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

ДВОЈКИ 6. КОЛО

13.00: МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/J3Xrncu7f8g?si=VYiI1kOIJr42FwQ2

13.30: Струга 2009 – Бадел 1862

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/UqpCVpkorJE?si=B4pYLtwoHk8aptJi

18.30: Вардар – Куманово-Гризли

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0nyVMGasuQc?si=9H6ScTxN_IM3HfLy

31.МАРТ (НЕДЕЛА)

13.00: Баскет кам 2011 – Пробаскет

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 35, Вардар 33, Куманово-Гризли 31, МЗТ Скопје Аеродром 31, Крива Паланка 28, Бадел 1862 26, Пробаскет 25, Струга 2009 18;

 

ПРВА „Б“ЛИГА - ЖЕНИ

ДВОЈКИ 17. КОЛО

31.МАРТ (НЕДЕЛА)

12.30: Риниа – Тим спорт

Сала „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Куманово

13.00: Патриот 2016 – Шкупи

Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево

14.00: Охрид – Гостивар

Сала „Григор Прличев“ – Охрид

14.00: Пониква 2022 – Јан Бор

Сала „Сашо Лазаров“ - Кочани

Тим Арена - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 28, Патриот 2016 27, Шкупи 26, Охрид 24, Гостивар 2009 21, Јан Бор 18, Риниа 17, Пониква 2022 15, Спорт тим 15;