24.03.2021

Со победата над Про Баскет од (93:65), ја потврдија третата позиција на Истокот и пласманот во следната фаза

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка ја комплетираше Суперлигата

Познати се сите шест учесници на натпреварите од Суперлигата во женска сениорска конкуренција.

По одигрувањето на средбата Крива Паланка – Про Баскет, која домашните кошаркарки ја решија во своја корист со убедливи (93:65), тие ја потврдија третата позиција во групата „Исток“.

Последната која води во плеј-офот и  доигрувањето за шампионската титула во Првата лига-жени.

Од претходно беше познато дека од оваа група понатаму одат и екипите на Баскет КАМ и Вардар (треба да го одиграат меѓусебниот дуел кој нема да промени многу).

На Западот пак, и пред одигрувањето на уште еден дерби-дуел, оној помеѓу екипите на Бадел 1862 и Работнички беше јасно дека тие две екипи, плус Струга 2009, исто така ќе бидат дел од Суперлигата.

Во вториот дел од првенството, шестте екипи во Суперлигата, со пренесени бодови од првата фаза, (по десет одиграни кола) треба да ги дадат четирите кои ќе играат во Плеј-офот, и понатаму за шампионската титула.