15.03.2024

Во сабота, од 17.часот, во Македонска Каменица следува репризата на полуфиналниот Куп-дуел, Вардар на „поправен испит“ со МЗТ Скопје

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Крива Паланка уште еднаш ќе го предизвика првакот

Овој викенд на програмата од Првата лига-жени се натпреварите од 4. коло од т.н. Оролоџо“. Сите четири натпревари од групата „А“ ќе се играат во саботните термини. „Отворањето“ е во Македонска Каменица, каде од 17.часот, ќе играат екипите на Баскет Кам 2011 и на Крива Паланка.

Овој дуел е практично репризирање на оној полуфиналниот кој пред две недели беше дел од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Во тие 40 минути, кошаркарките на Крива Паланка пружија силен отпор на фаворитот, и раната висока негатива, ја донесоа на само еден-два поседи заостанување. На крајот пресуди „подолгата“ ротација на шампионот, и тоа како важна предност за избраничките на тренерот Жаклина Стојановска, во оној финален дел од сезоната кога ќе се доделува и вториот трофеј.    

Половина час подоцна (17.30) следува уште еден и тоа како важен натпревар во кој победникот ќе биде поблиску до позицијата број 2, која носи предност на играње на домашен терен во две од планираните три плеј-оф серии.

Интересно, тоа е „пресликување“ на вториот полуфинален меч од Купот во кој играа двата скопски ривали.

Вардар е домаќин на МЗТ Скопје Аеродром во обид да ја потврди втората стартна позиција пред доигрувањето за шампионскиот трофеј. Од друга страна пак, со евентуален успех девојките во „сино-бела“ комбинација ќе се израмнат со противникот во вкупниот поредок.

Екипата на Куманово-Гризли игра со Бадел 1862 (18.00, сала „Независна Македонија“) чека пораз на екипата од Аеродром, и со успех во оваа средба, ќе стигне и на делба на третото место на табелата во пресрет на последните три кола од оваа втора фаза од првенството.

А во последниот натпревар, од 18.30 часот, во Струга, гостува кавадаречки Пробаскет, како фаворит во овие 40.минути кои ќе се играат во салата „Нико Нестор“.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

ДВОЈКИ 4. КОЛО

16.МАРТ (САБОТА):

17.00: Баскет Кам 2011 - Крива Паланка

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

17.30: Вардар - МЗТ Скопје Аеродром

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bNpFbeMhgMQ?si=owopxAN1zA8osuiu

18.00: Бадел 1862 - Куманово-Гризли

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zRc7GrIIOJg?si=tV86fijqgqELTfX2

18.30: Струга 2009 – Пробаскет

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3TUDIepVv3M?si=Ib3NByYU4y_D4h2D

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 32, Вардар 29, МЗТ Скопје Аеродром 28, Куманово-Гризли 27, Крива Паланка 26, Бадел 1862 23, Пробаскет 22, Струга 2009 17;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15. КОЛО

Тим Арена – Јан Бор        78:34

16.МАРТ (САБОТА):

14.00: Охрид – Шкупи

Сала „Глигор Прличев“ - Охрид

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

18.00: Пониква 2022 – Риниа

Сала „Сашо Лазаров“- Кочани

20. МАРТ (СРЕДА):

17.30: Патриот 2016 – Спорт тим

Сала „Методија Митевски-Брицо“- Делчево

Гостивар - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 26, Патриот 2016 23, Шкупи 22, Охрид 21, Гостивар 2009 20, Јан Бор 17, Риниа 14, Спорт тим 14, Пониква 2022 13;