08.12.2023

Вардар нема да има лесна задача во дуелот со Куманово-Гризли, сериозен испит за шампионот во Крива Паланка

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Кумановки бараат изненадување „Под Кале“

Деветтото коло од групата „А“ лига во елитното натпреварување во женска конкуренција носи нови четири натпревари.

А се чини дека во фокусот на вниманието во овој круг од натпреварите ќе бидат дуелите во Скопје и во Крива Паланка.

Во сабота, од 17.30 часот, „Под Кале“, ко-лидерот на табелата Вардар ќе биде домаќин на екипата на Куманово-Гризли во обид да остане на првата позиција на табелата која ја дели со актуелниот шампион.

Баскет кам 2011 пак ќе има доста потешка задача во ова коло, особено ако се земе в предвид дека оди на гостување во Крива Паланка, во натпревар кој ќе се игра нешто подоцна, односно на 12. декември (вторник).

Девојките од Крива Паланка во изминатото коло стигнаа до убедлив триумф над актуелниот Куп-освојувач, МЗТ Скопје, па силно мотивирани, и засилени со уште една американска кошаркарка, ќе се обидат да го изненадат и тимот од Македонска Каменица.

МЗТ Скопје пак важи како некој умерен фаворит на средбата која ја игра на домашен терен, против Бадел 1862, додека пак во нешто подобра ситуација е екипата на Пробаскет која во Кавадарци е домаќин на Струга 2009, засега единствената екипа без победа во измиантите осум кола во оваа конкуренција.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

9.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

17.30: Вардар – Куманово-Гризли

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/avWCBlXEoC0?si=mip8_BHvf5AWKyAo

10.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Пробаскет – Струга 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZIgab4a3yG4?si=2WBm4njFt8TFE8Ad

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dO_8ZntZ6Cc?si=sPYglg3rbBUq9WfG

12. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: Крива Паланка – Баскет Кам 2011

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 15, Вардар 15, МЗТ Скопје Аеродром 13, Куманово-Гризли 13, Пробаскет 11, Крива Паланка 11, Бадел 1862 10, Струга 2009 8; 

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 6. КОЛО

9. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

11.00: Јан Бор – Тим Арена

Сала „Партизан“ – Кавадарци

11.30: Шкупи – Охрид

Сала „Зеф Љуш Марку“ - Скопје

13.30: Спорт тим – Патриот 2016

Сала „Младост“ - Неготино

10. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Риниа – Пониква 2020

Сала „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Куманово

Гостивар 2009 - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 8, Тим Арена 8, Патриот 2016 8, Гостивар 2009 8, Охрид 8, Јан Бор 6, Пониква 2022 5, Спорт тим 5, Риниа 4;