02.03.2022 Во заостанатиот натпревар од првото коло од „Оролоџото“, Бадел 1862 стигна до убедлива победа (80:59) Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа и до својата 15. победа во сезоната во Првата лига-жени. Во првото коло од втората фаза – Оролоџо, „баделки“ беа убедливи против екипата на МЗТ Скопје Аеродром (80:59), за задржување на стонастотниот ефект во првенството. Цветанка Димова со 24. реализации и 10.скока, беше прв стрелец и скокач на мечот во салата „Независна Македонија“ во кој Матие исто така беше двоцифрена во двете водечки категории, оствари 13.поени и 21. скок.