16.11.2023

Дербито на 6. коло, се игра „Под Кале“, (сабота, 16.часот), Вардар е домаќин на екипата од Аеродром

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: МЗТ Скопје го предизвикува лидерот

По обврските кои во изминатите десетина дена ги имаше женската сениорска репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, овој викенд продолжуваат и натпреварите во двете групи од Првата лига-жени.

Во групата „А“ дерби дуелот на ова шесто коло е закажан за сабота од 16.часот. Ќе се игра во салата на КК „Вардар“, а ќе се сретнат лидерот на табелата, Вардар и актуелниот освојувач на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

По победата во дуелот со шампионот Баскет Кам 2011, „вардарки“ останаа без услугите на репрезентативниот бек Илина Селцова (ја продолжи кариерата во Острава), ги чека уште еден силен предизвик, да бидат подобри и од екипата од Аеродром која во измиантите пет кола има само еден пораз, и е на делба на втората позиција заедно со екипата од Македонска Каменица, која пак во овој круг на натпреварите ја чека дуелот со Куманово Гризли (недела - 13.30 часот, во салата „Кирил и Методиј“).

Во сабота, од 15.часот, во кавадаречки „Јасмин“, Пробаскет е во улога на домаќин во натпреварот со екипата на Крива Паланка, додека пак некој час подоцна, од 17.часот, во салата „Нико Нестор“ во Струга, домашната екипа Струга 2009, во обид да дојде до првиот триумф во оваа сезона, го пречекува составот на Бадел 1862.  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 6.КОЛО

18.НОЕМВРИ (САБОТА)

15.00: Пробаскет - Крива Паланка

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/uaQLsHZc8aI?si=mGiDCFO3EAkJyfwX

16.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/I0ieTI4xJbs?si=uSkPsUeYGVXJkDO2

17.00:  Струга 2009 – Бадел 1862

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Yuv5S6oqmPs?si=BdcHDIY8we131rAU

19.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

13.30: Баскет Кам 2011 – Куманово-Гризли

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

ТАБЕЛА: Вардар 10, Баскет Кам 2011 9, МЗТ Скопје Аеродром 9, Куманово-Гризли 8, Крива Паланка 7, Пробаскет 6, Бадел 1862 6, Струга 2009 5;

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3.КОЛО

Патриот 2016 - Тим Арена         78:57

18.НОЕМВРИ (САБОТА)

10.30: Јан Бор – Спорт тим

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

14.00: ГКК Охрид – Пониква 2022

Сала „Глигор Прличев“ - Охрид

19.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

12.00: Гостивар – Шкупи

Сала „Младост“ – Гостивар

Риниа – слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 5, Шкупи 4, Патриот 2016 4, Гостивар 2009 3, ГКК Охрид 3, Јан Бор 3, Риниа 2, Спорт Тим 2, Пониква 2022 1;