09.02.2024

Во 13. коло, „аеродромки“ подобри од „вардарки“ (72:66), Бадел 1862 убедлив против Струга 2009 (103:56)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: МЗТ Скопје подобар од Вардар, чекор поблиску до второто место

Како одминуваат натпреварите односно првенствените кола, така се понеизвесна станува трката за водечките позиции на табелата во Првата лига-жени. Откако бранителот на титулата, екипата на Баскет кам 2011 излезе како победник на гостувањето во Куманово, во најинтересниот меч од 13. коло, екипата на МЗТ Скопје како „домаќин“ во салата под „Под Кале“, стигна до особено важна победа против „гостинот“ Вардар, со резултат (72:66).

Максимално изедначено се играше во првиот период во кој двете екипи поделија по 20.поени. А до полувремето, „гостинките“ беа тие кои имаа предност, иако не голема (39:35). Истото „растојание“ беше и на истекот на третиот дел (51:47), а пресвртот,  девојките во „сино-бела“ го направија во последните десет минути, за конечни (72:66).

Натпревар кој го „изнесе“ стартната петорка на МЗТ Скопје, а Томас реализира 31, а нејзината американска сонародничка Гејтон додаде 14, а Митева имаше 15.поени.

Кај Вардар, Матие оствари двоен ефект од 17.поени и 11 скока, Димитријевиќ постигна 12, а Деловска имаше уште 10.поени.

Претходно Бадел 1862 без никакви проблеми стигна до планираните бодови во дуеоот со Струга 2009 (103:56), очекувано, доминираше странскиот „трилинг“ Томпсон-Техеда-Баркли, кој искомбинира 62. поени. Но Димковска додаде 12, а Маркоска уште 11. поени во новиот успех на „баделки“ кои полека се „качуваат“ кон оние горни позиции на табелата.  

Со 17. поени и 11. скока, младата репрезентативка Модева беше најдобриот поединец во струшкиот тим во кој Муртезаи додаде уште 16.

На коло пред крја на првата фаза, а по поразот на Вардар, сега Баскет кам 2011 е осамен на првото место во вкупниот поредок. Во пресрет на дерби дуелот со МЗТ Скопје, екипата од Македонска Каменица има ефект (11-2), односно победа повеќе во однос на Вардар (10-3), и две пред МЗТ Скопје Аеродром (9-4).     

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 14.КОЛО

10.ФЕВРУАРИ (САБОТА)

13.00: Баскет кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

14.30: Пробаскет – Бадел 1862

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7VLZIPkGsvs?si=84ECOWhOCBVYG6ok

11.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Вардар – Крива Паланка

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/TYrSVaaFTt4?si=CWXOazStwIDZziYD

15.ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: Струга 2009 – Куманово-Гризли

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/bOpvE8EgUZk?si=fx1_a34wW7PBv2o3

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 24, Вардар 23, МЗТ Скопје Аеродром 22, Крива Паланка 20, Куманово-Гризли 19, Пробаскет 18, Бадел 1862 17, Струга 2009 13;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 11.КОЛО

10.ФЕВРУАРИ (САБОТА)

11.00: Јан Бор - Шкупи

Сала „Партизан“- Кавадарци

12.00: Гостивар – Риниа

Сала „Младост“ – Гостивар

Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево

15.00: Охрид – Спорт тим

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

19.00: Тим Арена - Пониква 2022

Сала „Јордан Мијалков“ - Штип

Патриот 2016 - слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 18, Шкупи 17, Тим Арена 16, Охрид 14, Гостивар 2009 13, Јан Бор 12, Риниа 11, Спорт тим 10, Пониква 2022 8;