25.02.2024

Со победата во дерби-дуелот против Бадел 1862 од (84:79), „аеродромки“, макар и привремено, го престигнаа Вардар

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: МЗТ Скопје се искачи на втората позиција

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до многу важна победа во битките за што повисока позиција на табелата пред почетокот на плеј-офот во Првата „А“ лига.

На гостински терен, условно земено, беа за нијанса подобар потивник од екипата на Бадел 1862. Славеа со конечни (84:79), за скор (11-5), и привремено, второ место на табелата, со натпревар повеќе во однос на екипата на Вардар, која својот меч од ова коло, против првакот, Баскет кам 2011 ќе го одигра на 6.март.

Девојките во сино беа подобар ривал во текот на целиот натпревр во салата „Независна Македонија“. По истекот на првата четвртина водеа со (20:14),а на полувремето имаа и највисоки (40:28). Разлика која „баделки“ никако не успеаја да ја достигнат. Па бодовите ги однесоа кошаркарите на МЗТ Скопје.

Одлично издание имаше Американката Кристел Томас која на 33.поени (7/11 во шутот за три поени), имаше и девет скока и шест асистенции. Ја следеше Митева со 20.поени и седум асистенции, додека МекКало додаде 13.поен и шест скока.

Кај Бадел 1862, во преден план, двојниот ефект на Тахеда (22.поени и 10. скока), но и седум асистенции (плус осум загубени топки). Митева имаше 19.поени и девет асистенции, 14 даде Томпсон, а еден помалку на своето конто запиша Маркоска.

Сигурна победа во ова, второ коло од „оролоџото“ реализираа и кошаркарките на Куманово-Гризли, на гости во Струга со плус 30, (84:54).

Комплетната прва петорка на гостинската екипа запиша двоен број на поени. Со 17 ја предводеше Американката џонсон, Алексиќ имаше 16, Муса 15, Петрушевска даде 13, а Норска уште десет поени.

Кај стружанки, Модева оствари двоен ефект од 19.поени и 10.скока. Муртезаи имаш 12, а хиса уште десет.

Крива Паланка се избори за победа на гостински терен. Во кавадарешки „Јасмин“, потешко од очекувањата, го совлада Пробаскет, со резултат (83:79). Уште едбаш блескаше американската кошаркарка Мек Кала, која беше стрелец на 36.поени, додека одлично, со 23 реализации ја следеше Алексовска. Во кадвадаречкиот состав се издвои Јовановиќ, која даде 38. поени, додека Миткова имаше уште 16.поени. 

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО – ОРОЛОЏО

Струга 2009 – Куманово-Гризли         54:84

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 79:84

Пробаскет – Крива Паланка     79:83

06.03: Баскет Кам 2011 – Вардар

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 28 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 27, Вардар 26 (-1), Куманово-Гризли 25, Крива Паланка 24, Бадел 1862 22, Пробаскет 21, Струга 2009 16;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО

Гостивар 2009 – Јан Бор 49:20

Охрид - Патриот 2016     47:56

Тим Арена – Риниа          100:34

Шкупи – слободен

29.02: Пониква 2022 – Спорт тим      

ТАБЕЛА: Тим Арена 22, Патриот 2016 21, Шкупи 19, Охрид 19, Гостивар 2009 17, Јан Бор 16, Риниа 13, Спорт тим 12, Пониква 2022 10;