20.01.2024

Со сосема различен тим во однос на оној од првиот дел, славеа „баделки“ со неочекувано убедливи (94:72) против актуелниот шампион

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: На американски погон, Бадел 1862 многу подобар од Баскет Кам

Екипата на Бадел 1862 направи неколку измени во играчкиот ростер во текот на зимскиот преоден рок, и тоа веднаш даде резултат. И тоа како, трите нови имиња во ростерот им донесат голема, и неочекувано убедлива победа прогив бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011.

Славеа девојките во „жолто-сина“ комбинација со високи (94:72), и најавија уште поинтересен втор дел од сезоната во женската елитна конкуренција.

Иако имаа водство од (26:18) на истекот на десетте минути, решавачки за конечниот исход беа случувањата на паркетот во втората четвртина. Десет минути во кои Бадел 1862, предводен од двоецот Томпсон-Техеда, стигна до недостижни (54:31) на полувремето.

На крајот, овие две кошаркарки искомбинираа 64. поени, кои со десет ги дополни Митрева, додека третото странско засилување Баркли заврши со девет реализации, но и 15. скока.

Сепак, во преден план е ефектот на Теа Митрева. Затоа што младата кошаркарка од редовите на домашната екипа, запиша троен ефект. Ги одигра сите 40.минути, и против забележа 10.поени (4/9 за два и 2/2 за едне поен), на кој рпидоададе уште и 12 успешни додавања, како и десет скока (два офанзивни), шест освоени топки, и четири загубени.

Кај екипата од Македонска Каменица која го впиша вториот пораз, и го загуби лидерското место, двоен ефект имаше Димова (25.поени и 10.скока), Адамовска имаше 17. реализации а Тасевска уште 13.     

Кошаркарките на Вардар го искористија овој неуспех на Баскет Кам 2011, па сега се осамени на првата позиција на табелата. На свој терен, беа убедливи против кавадаречки Пробаскет (91:58).

Имаа одличен почеток. Во првите пет минути направија серија (12:1), за на истекот на четвртината имааш слични (25:12). По релативно израмнетата втора четвртина, на полувремето „вардарки“ водеа со (46:31). А дефинитивната потврда за новата победа ја реализираа во третиот дел од играта во кој „побегнаа“ на недостижни (73:41).

Деловска реализираше 20.поени, Димитријевиќ 17, Матие имаше 16, а Џангаровска уште десет поени во победничката екипа. Во онаа поразената, капитенот Стоева постигна 16.поени.

Победа на домашен терен реализира екипата на МЗТ Скопје која беше подобра од Струга 2009 со сигурни (52:40). Уште поубедлива е победата на Крива Паланка во дуелот против Куманово-Гризли (88:63).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009 52:40

Вардар – Пробаскет        91:58

Крива Паланка – Куманово-Гризли   88:63

Бадел 1862 – Баскет кам 2011 94:72

ТАБЕЛА: Вардар 21, Баскет кам 2011 20, МЗТ Скопје Аеродром 19, Крива Паланка 16, Куманово-Гризли 16, Пробаскет 15, Бадел 1862 14, Струга 2009 11;

ИДНО КОЛО (27.01)

Баскет Кам 2011 – Вардар

Куманово–Гризли - Бадел 1862

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром

Струга 2009 – Крива Паланка

Дерби дуелот во групата „Б“ се играше во Скопје, поточно во салата „Зеф Љуш Марку“, каде Шкупи беше домаќин на Патриот 2016. По голема борба, на крајот победата (53:50) ја однесе екипата од Делчево, кој означи и лидерска позиција на табелата во оваа конкуренција.  

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Јан Бор – Пониква 2022 64:42

Шкупи – Патриот 2016   50:53

Спорт тим – Риниа           46:39

23.01: Гостивар – Охрид

Тим Арена - слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 14, Шкупи 13, Тим Арена 12, Охрид 11, Гостивар 2009 9 (-1), Јан Бор 10, Риниа 8, Спорт тим 8, Пониква 2022 6 (-1);

ИДНО КОЛО (27.01)

Тим Арена – Спорт тим

Пониква 2022 – Гостивар

Патриот 2016 – Јан Бор

Риниа-Шкупи

Охрид - слободен