20.11.2023

Девојките од Аеродром славеа „Под Кале“ со резултат (67:60)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Нема непоразени, МЗТ Скопје го доби дербито со Вардар

Нема веќе непоразени екипи во Првата лига. За тоа најголема „виновник“ се кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром кои славеа на гостувањето „Под Кале“, против екипата на Вардар (67:60).

Се чини дека пресуди првата четвртина, онаа во која гостинската екипа направи голема предност од (24:5), која љубоморно девојките во „сино-бела“ комбинација ја сочуваа до самиот крај на мечот.

Странското „трио“, Томас-Џефрис-Волнианска одработи најголем дел од задачите. Овие три кошаркарки искомбинираа вкупно 51. поен за екипата-победник.  

На другата страна од теренот, Наков реализираше 13.поени, Деловска и Димитријевиќ имаа по 11, а Начевска и Зафировска по осум реализации.

По шест одиграни кола двете екипи се на ефект (5-1), ист каков што има актуелниот шампион – екипата на Баскет Кам 2011.

Екипата од Македонска Каменица стигна до важна победа на свој терен против екипата на Куманово-Гризли (85:70).

Домашниот тим имаше две одлични четвртини, првата и третата. Во првите десет минути обезбеди двоцифрено водство (23:13), кое го задржа до одморот (47:37), за по третиот период се да биде јасно околу конечниот победник.  

А поентерски, кај Баскет Кам 2011, во преден план излезе една комплетна петорка во која Димова беше стрелец на 24.поени, Поп Димитровска и Максимовска дадоа по 15, Адамовска 14, а Тасевска уште 12.поени. Во гостинската екипа 23 поени беа дело на Американката Џонсон, додека Алексиќ додаде уште 13.

Втора победа запиша екипата на Бадел 1862, која беше подобра од Струга 2009 на гостински терен, со резултат (69:44), а втор успех во новата сезона реализираа и кошаркарките на Пробаскет, кои пред својата публика во Кавадарци ја совладаа екипата на крива паланка со резултат (70:54).  

*Во Првата „Б“ лига, уште една сигурна победа за кошаркарките на Шкупи. Овојпат на гостувањето во Гостивар (61:48), за максимален ефект од три победи во исто толку одуиграни натпревари. Убедлив триумф во овој круг запиша аи коашркарите на Патриот 2016 во дуелот со штипска Тим Арена (78:57), но и екипата на Јан Бор во воедкиот дуел против Спорт тим од Неготино (52:36).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Пробаскет - Крива Паланка      70:54

Вардар – МЗТ Скопје Аеродром         60:67

Струга 2009 – Бадел 1862         44:69

Баскет Кам 2011 – Куманово-Гризли 85:70

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 11, Вардар 11, МЗТ Скопје Аеродром 11, Куманово-Гризли 9, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 1862 8, Струга 2009 6;

ИДНО КОЛО (25.11)

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011

Куманово-Гризли – Струга 2009

Крива Паланка – Вардар

Бадел 1862 - Пробаскет

 

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 3.КОЛО

Патриот 2016 - Тим Арена         78:57

Јан Бор – Спорт тим         52:36

Гостивар – Шкупи 48:61

24.11: Охрид – Пониква 2022 

Риниа – слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 6, Јан Бор 5, Тим Арена 5, Патриот 2016 4, Гостивар 2009 4, ГКК Охрид 3 (-1), Спорт Тим 3, Риниа 2, Пониква 2022 1 (-1);

ИДНО КОЛО (25.11)

Спорт тим – Пониква 2022

Патриот 2016 – ГКК Охрид

Риниа – Тим Арена

Јан Бор - Гостивар

Шкупи - слободен