07.11.2022

Струга 2009 излезе како победник во дуелот со Бадел 1862 (56:49)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Нов пораз на шампионот, Баскет Кам 2011 и Вардар сами на врвот

Звучи како вистинско изненадување, но судејќи според распоредот на силите во оваа сезона, поразот на Бадел 1862 на гостувањето во Струга, и не е во тој ранг.

Стружанки, кои исто така менуваа доста во текот на паузата, најдоа решение да бидат подобри во дуеот против актуелниот шампион, дојдоа до победата изразена со конечни (56:49), за нив трет во првенството. Од друга страна, ова беше вториот, по ред пораз за „баделки“, кои ги тргна од самиот врв на првенствената табела на која останаа две екипи.

Баскет Кам 2011 беше немилосреден на гостински терен кај Крива Паланка, дојде до повеќе од убедливи (84:40) за максимален ефект, четири победи во исто толку натпревари.

Дури шест кошаркарки од екипата од Македонска Каменица завршија како „двоцифрени“. По 16. реализираа Тасевска и Димова, Поп-Димитровска даде 13, а репрезентативките одлично ги следеа уште и Адамовска, Зафирова и Максимовска, кои додадоа по 12. поени.

Истиот скор го има и Вардар, екипа која и без помошта на Јелена Антиќ и Славица Наков без проблеми го совлада новакот во оваа конкуренција, Гризли (77:61).

Деловска реализираше 24.поени, Петковска даде 20, а Едина Муса односно Нина Зафировска дополнија со 17. и 13.поени во домашната екипа.   

Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром стигнаа до третиот успех во сезоната откако со плус од 20.поени го победија Пробаскет (80:60). Доволно за држење на приклучок со двете лидерски екипи во женската елитна конкуренција.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Крива Паланка – Баскет Кам 2011     40:84

Вардар – Гризли   77:61

Струга 2009 – Бадел 1862         56:49

МЗТ Скопје – Пробаскет 80:60

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 8, Вардар 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Струга 2009 7, Бадел 1862 6, Гризли 4, Пробаскет 4, Крива Паланка 4;

ИДНО КОЛО (12.11)

Гризли – Крива Паланка

Баскет Кам 2011 – Струга 2009

Пробаскет – Вардар

Бaдел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром

 

ПРВА „Б“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Јан Бор – Патриот  73:66

Гостивар – Шкупи 50:65

Куманово - Пониква 2022         49:62

Риниа – Пелистер 36:70

Спорт тим - слободен

ТАБЕЛА: Шкупи 8, Патриот 7, Пелистер 6, Пониква 2022 6, Јанбор 5, Гостивар 2009 4, Риниа 4, Куманово 2020 4, Спорт тим 3;

ИДНО КОЛО (12.11)

Шкупи – Јан Бор

Пониква 2022 – Гостивар

Пелистер – МКК Куманово

Спорт тим - Риниа

Патриот - слободен