27.02.2023

Девојките од Крива Паланка славеа со минимални (55:53), сигурен триумф на новиот Куп-освојувач, МЗТ Скопје во Кавадарци (74:45)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Нов шок за Баскет Кам, Крива Паланка победи среде Македонска Каменица

Ниту паузата во домашниот шампионат „предизвикана“ со мечевите на сениорскиот национален тим, како и завршницата во Купот на Македонија, не донесоа промени на подобро за лидерот во Првата лига.

Екипатга на Баскет Кам 2011 запиша уште еден пораз, втор по ред, сега и на домашен терен. Во Македонска Каменица, подобри од нив за два поени (55:53), беа младите кошаркарки на Крива Паланка.

Киксот на водечката екипа е добредојден за следбениците на табелата. Во прв ред, екипата на Вардар која без особени проблеми го победи составот на гризли (78:43), на Бадел 1862, кој излезе како победник во дуелот со Струга 2009 (68:61). Па и на новиот освојувач на Купот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром која без проблеми стигна до убедлив триумф на гостувањето во кавадарци против Пробаскет (74:45).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО

Баскет Кам 2011 – Крива Паланка     53:55

Гризли – Вардар   43:78

Бадел 1862 – Струга 2009         68:61

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром  45:74

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 20, Вардар 19, Бадел 1862 18, МЗТ Скопје Аеродром 17, Крива Паланка 17, Струга 2009 16, Гризли 13, Пробаскет 11;

ИДНО КОЛО (04.03)

Крива Паланка – Гризли

Струга 2009 – Баскет Кам 2011

Вардар – Пробаскет

МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО

Спорт Тим – Куманово 2020    34:65

Пелистер – Гостивар 2009        71:67

Пониква 2022 – Јанбор  54:68

Шкупи – Патриот 2016   55:57

Риниа - слободна

ТАБЕЛА: Шкупи 25, Патриот 2016 25, Јанбор 22, Пониква 2022 20, Пелистер 20, Гостивар 2009 19, Куманово 2020 19, Риниа 14, Спорт Тим 13;

ИДНО КОЛО (04.03)

Патриот 2016 – Пониква 2022

Јанбор – Пелистер

Гостивар – Спорт Тим

Куманово 2020 - Ринија

Шкупи - слободен