04.02.2025

1-2. февруари, 2025

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Ново коло нова стотка - Крива Паланка не го дава врвот!

Ново коло и нова победа со троцифрен број на поени. Веќе препознатливиот стил на игра им донесе лесна победа на кошаркарките од Крива Паланка против тимот на Патриот 2016 (106-63) за задржување на првото место на табелата во Првата „А“ лига жени, со максимален ефект од седум победи на исто толку одиграни натпревари.

Без проблеми минаа и останатите екипи од водечкото трио. Вардар го испрати Пробаскет на дното на табелата нанесувајќи му го седмиот пораз со 86-54 додека Баскет Кам 2011 славеше во дербито од горниот дел на табелата против Бадел 1862 со 68-49.

Во Првата „Б“ лига, лидерите на врвот на табелата, Спорт Тим Неготино и Струга 2009, продолжија со победничките серии. Струга 2009 го совлада Шкупи со 80-57, Неготино славеше против Гостивар 2009 со 103-43. ГКК Охрид се пласира на третото место на табелата со победа против Риниа (69-42).

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО       

Вардар – Пробаскет 86 - 51

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862 68 - 49

Крива Паланка – Патриот 2016 106 - 63

ЖКК МЗТ С.А. - слободен

ТАБЕЛА: Крива Паланка 14, Баскет кам 2011 13, Вардар 11, Бадел 1862 11, Патриот 2016 9, МЗТ Скопје Аеродром 7, Пробаскет 7;

ИДНО КОЛО 

Бадел 1862 - ЖКК МЗТ С.А.

Пробаскет - Крива Паланка

Патриот 2016 - Баскет Кам 2011

Вардар - Слободен

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Струга 2009 - Шкупи 80 - 57

Спорт тим – Гостивар 2009 103 - 43

Охрид - Риниа 69 - 42

Јан Бор - слободен

ТАБЕЛА: Спорт тим 13, Струга 2009 13, Охрид 11, Шкупи 11,  Риниа 10, Гостивар 2009 8, Јан Бор 6;

ИДНО КОЛО

Спорт тим Неготино - Струга 2009

Јан Бор - Шкупи

Гостивар 2009 -  ГКК Охрид