12.04.2024

На девојките од Делчево им е потребна само уште една победа за да се пласираат во плеј-офот, и да обезбедат место во Првата „А“ лига

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Патриот 2016 е на чекор до елитната конкуренција

Првите натпревари од разигрувањето за две места во плеј-офот во женската сениорска конкуренција донесоа по една домашна и една гостинска победа.

Многу поважна и дефинитивно е онаа која ја реализираше екипата на Патриот 206 на гостувањето во Струга каде беше за два поени подобра од Струга 2009 (58:56).

Доволно за почетно водство во серијата „подобар во три натпревари“. И со евентуален втор успех во серијата, девојките од Делчево ќе се стекнат со место во плеј-офот, односно доигрувањето за шампионската ттула. А во исто време во следната натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат во Првата „А“ лига, односно најдобрите осум екипи во женска сениорска конкуренција.

Сосема поинаква ситуација е во втората серија од разигрувањето, онаа во која, барем засега, екипата на Пробаскет ја оправдува улогата на фаворит против штипска Тим Арена.

Славеа кавадарчанки со убедливи (76:42) на свој терен, па сега останува тоа да го потврдат и на гостувањето во Штип, во недела, од 13.часот. Победата ги става кошаркарките на Пробаскет на седмата позиција во плеј-офот, која за противник во четвртфиналето ќе ја има екипата на Вардар.

Победникот од другата серија пак ќе игра против бранителот на шампионскиот треофеј – екипата на Баскет кам 2011.

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ - ПРВ НАТПРЕВАР

Пробаскет - Тим Арена   76:42 (1-0)

Струга 2009 - Патриот 2016      56:58 (0-1)

ВТОР НАТПРЕВАР

13.АПРИЛ (САБОТА)

10.00: Патриот 2016 - Струга 2009 (1-0)

Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

13.00: Тим Арена – Пробаскет (0-1)

Сала „Јордан Мијалков“ - Штип

 

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(20.АПРИЛ–24.АПРИЛ-27.АПРИЛ*)

Баскет кам 2011 – Струга 2009/Патриот 2016

Вардар – Пробаскет/Тим Арена

Куманово-Гризли – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

*Ако биде потребно