09.04.2024

Двете првопласирани екипи во групата „Б“ ќе разигруваат во баражот, со последнопласираните од групата „А“ за две места во доигрувањето

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Патриот и Тим Арена со шанса да играат и во плеј-офот

По завршувањето на регуларниот дел од двете групи во Првата лига-жени, следно на ред е разигрувањето за две места во плеј-оф фазата.

Онаа која треба да го даде новиот шампион во женска сениорска конкуренција.

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните шест екипи од регуларниот дел од сезоната обезбедија директен пласман во доигрувањето за титулата.

Тоа се екипите на Баскет кам 2011, Вардар, Куманово-Гризли, МЗТ Скопје Аеродром, Крива Паланка и Бадел 1862.

Како седмо, односно осмопласирани во првата фаза, екипите на Пробаскет и на Струга 2009 ќе мора да го потврдат своето учество во плеј-офот низ дополнителни натпревари кои со себе ги носи баражот, против двете првопласирани екипи од групата „Б“, Патриот 2016 и Тим Арена.

Победниците од овие две серии „подобар во три натпревари“ (предност на домашен терен имаат подоброрангираните екипи, Пробаскет и Струга 2009), ќе бидат и последните два четвртфиналисти.

Стартуваат веќе на 10.април, кога Пробаскет ја дочекува екипата на Тим арена, а еден ден подоцна, во Струга, ќе се сретнат Струга 2009 и Патриот 2016.

РАЗИГРУВАЊЕ ЗА ПЛЕЈ-ОФ

10. АПРИЛ (СРЕДА)

17.00: Пробаскет - Тим Арена

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/uPLq1_QhSQQ?si=X_sG0aogGE46I1fQ

11.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

Струга 2009 - Патриот 2016

Сала „Нико Нестор“ – Струга

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jPiuZ86xyqQ?si=SfHCuCos_SLwo6aL

 

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Баскет кам 2011 – Струга 2009/Патриот 2016

Вардар – Пробаскет/Тим Арена

Куманово-Гризли – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аердром – Крива Паланка