Екипата на Бадел 1862 во овој момент е многу подобра од онаа на Гризли, и помлада и поквалитетна во однос на противникот во четвртфиналето на плеј-офот.
БАДЕЛ 1862 – ГРИЗЛИ 93:45 (1-0)
Потврдата за една таква констатација стигна уште во раната фаза од првиот натпревар од серијата. На истекот на првите десет минути, „баделки“ веќе имаа убедливи (27:6). Разлика која од минута во минута само ја зголемуваа. До полувремето таа изнесуваше (51:19), па она второто се претвори во обична формалност, односно одработување на 20. минути кои може да послужат и како показен тренинг за она што ги чека во полуфиналето.
Тоа е извесно и пред одигрување на вториот меч од серијата, во кој Гризли, ќе биде во улога на домаќин.
На овој, шест кошаркарки на Бадел 1862 завршија со двоцифрен број на поени. Димковска постигна 15, Димитријевиќ, Петровска, Марковска и Матиу дадоа по 11, а еден помалку реализира Чолакоска.
Тодевска беше и единствена во составот на Гризли која имаше двоцифрен број на поени - даде 10.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ- ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ – ПРВ НАТПРЕВАР
Бадел 1862 – Гризли 93:45 (1-0)
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 68:73 (0-1)
Баскет Кам 2011 – Бробаскет 103:69 (1-0)
Крива Паланка – Струга 2009 69:77 (0-1)