Екипата на Баскет Кам 2011 го направи првиот чекор кон пласманот во полуфиналето на плеј-офот откако стигна до убедлива победа против кавадаречки Пробаскет.
БАСКЕТ КАМ 2011 – ПРОБАСКЕТ 103:69
Осдвен во првата четвртина во која гостинската екипа успеа да пружи отпор, сето друго на овој меч во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска каменица беше на страната на Баскет Кам 2011. Макар што за оваа средба, тренерот Златко Гоцевски не можеше да смета на Марија Николов и Ана Милованова, домашниот тим направи убедливо водство во втората четвртина, и на одмор замина со предност од (51:35).
Најефикасно, домашните кошаркарки одиграа во третата, за десет минути постигнаа 33, а примија 12 поени, доволно за недостижна разлика (84:47), и прва победа во серијата, која за некој ден се сели во Кавадарци.
Тасевска беше реализатор на 26 поени, Поп Димитровска даде 21, а Адамовска уште 16 за екипата победник.
Кај Пробаскет, одлични минути имаше Јовановиќ, која запиша 25 поени, Могленова имаше 14, а Стоева уште 13.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ- ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
Баскет Кам 2011 – Бробаскет 103:69 (1-0)
Крива Паланка – Струга 2009 69:77 (0-1)
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром (во тек)
Бадел 1862 – Гризли (во тек)