Кошаркарките на Баскет кам 2011 направија уште еден исчекор во одбраната на шампионската титула.
Вечерва, во првиот натревар од полуфиналето на плеј-офот, во доминантна игра, изразена со постојано водство во текот на сите 40.минути, ја совладаа екипата на Крива Паланка, со сигурни (83:67). И што е поважно, за водство од серијата од (1-0) во која финалист ќе стане тимот кој ќе реализира две победи.
До првата, девојките од Македонска Каменица дојдоа откако имаа подобар почеток, во кој создадоа водство од (24:15), кое до големиот одмор го зголемија на (48:33).
Најизедначено се играше во третата четвртина, која ја добија гостинките, со (21:18). Но не успеаја да направат нешто повеќе од тоа, односно натпреварот да се претвори во неизвесен.
До првиот поен во полуфиналето, бранителот на титулата го предводеа Зубац, која реализираше 26.поени, следена од Кметовска која постигна 24, односно Димова, која оваа средба ја заврши со 19 реализации.
На другата страна од теренот, четири кошаркарки со двоцифрен број на поени. Најмногу, 21 уфрли Американската Мек Кала, Мазук постигна 16, Ховкинс 13, а Алексовска уште 10.поени.
Вториот меч од серијата се игра во Крива Паланка, додека пак во тек е првиот натпревар од другата полуфинална серија. Во Скопје, играат екипите на Вардар и на Куманово-Гризли.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Баскет Кам 2011 – Крива Паланка 83:67 (1-0)
Вардар – Куманово-Гризли (во тек)