17.05.2025

Актуелниот шампион славеше со сигурни (87:74) и има големи (2-0) пред серијата да се пресели во Крива Паланка

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Баскет кам и по втор пат подобар од Крива Паланка

Кошаркарките на Баскет кам направија уште еден, втор по ред, чекор во одбрана на шампионската титула.

По втор пат во рок од неколку дена беа подобри од својот „предизвикувач“ во финалето на плеј-офот, екипата на Крива Паланка.

БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА      87:74 (2-0)

(23-20; 32-24; 11-16; 21-14)

За разлика од премиерниот меч во оваа финална серија, на овој, двете екипи прикажаа доста ефикасна игра. Особено тоа се однесува на првото полувреме, кое домашната екипа го доби со резултат (55:44).

За гостинките од Кива Паланка им припадна третиот дел од играта кој го решија во своја кориост со (16-11) кога си ги зголемија своите шанси за изненадуавње на гостувањето во Македонска Каменица.

Во последниот период се влезе со резултат (66:60). Но веќе по четири минути од играта во четвртата четвртина Баскет кам одново се одвои на двоцифрена разлика, поведе со (73:62). Предност која ја претворија во уште една победа, втора во двата натпревари на домашен терен. За големи (2-0) со кои за некој ден ќе патуваат во Крива Паланка во обид да ја затворат оваа серија и ја освојат четврттата по ред шампионска титула во домашниот шампионат.

Ново блескаво офанзивно издание имаше Ивана Кметовска, која реализираше 33.поени за Баскет кам. Адамовска додаде 19, одлична беше и Максимовска која додаде 17, додека  Димова додаде уште 14. реализации.  

Робинсон беше стрелец на 26.поени за Крива Паланка, Мејклејни ја следеше со 20. Одлична во гостинската екипа беше и Ѓеоргиевска која постигна 15.поени.

Нов првак на Македонија ќе биде екипата која прва ќе дојде до три победи во финалната серија.  

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ-ВТОР НАТПРЕВАР

БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА      87:74 (2-0)