09.05.2025

Екипата од Македонска Каменица по втор пат подобра од МЗТ Скопје, сега и на гостински терен (77:60)...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Баскет Кам ќе ја брани титулата

Екипата на Баскет кам е првиот финалист на плеј-офот во женска сениорска конкуренција.

Ова откако и во вториот натпревар од полуфиналето екипата од Македонска Каменица беше подобра од својот ривал, МЗТ Скопје Аеродром.

До вториот и решавачки поен во серијата избраничките на тренерот Жаклина Стојановска стигнаа со убедлив триумф, на гостински терен (77:60), доволен да ја затворат серијата и да обезбеден уште еден настап во големото финале во кој ќе ја бранат шампионската титула.

До решавачката победа во серијата, Баскет кам го предводеше „трилингот“ Кметовска (реализираше 18.поени), Димова (даде 15), и Максимовска, стрелец на 13.поени.

Во домашната екипа која ја заврши сезоната со одличен резултат, Алексова реализираше 16.поени, додека Димовска и Мариновска додадоа по 11.

Кој ќе биде противник на актуелниот шампион во финалната серија ќе биде познато овој викенд, по одигрувањето на третиот и решавачки натпревар помеѓу екипите на  Крива Паланка и Бадел 1862.