26.05.2021

Се е израмнето во финалната серија на плеј-офот во женска конкуренција, која продолжува вечерва од 19.часот во Скопје

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Бадел 1862 и Баскет KAM по трет пат...

Финалистите, екипите на Бадел 1862 и на Баскет КАМ имаат нерешен резултат во финалната серија. Досега си разменија по една победа, за разлика од Суперлигата, сега двете екипи победија на домашен терен.

Вкупниот резултат во нивните меѓусебни дуели, првенствените е (2-2). Па вечерва ќе биде особено важно кој ќе го преземе водството во серијата која ќе го даде новиот шампион.

Гостинките од Македонска Каменица веќе се „уверија“ дека триумфот во финалето од Купот, е одамна архивирано. Дека тоа биле само 40.минути од серијалот кој оваа сезона го играат двете најдобри екипи во македонската женска кошарка.

Колку финалистите се „блиски“ говорат и резултатите од претходните нивни одмерувања на силите. На првиот натпревар во Скопје, Бадел 1862 победи со (64:60). Три дена во Македонска Каменица резултатот беше (78:73) во корист на Баскет КАМ.

Како ќе биде вечерва, останува да ги чекаме оние задолжителни 40.минути од третиот меч од финалето кои се играат во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.