26.05.2021

Екипата од Македонска Каменица го направи потребниот „брејк“, го победи Бадел 1862 во Скопје (71:59) за 2-1 во финалето

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Баскет КАМ е на победа до шампионскиот трофеј

ФОТО: Анџелика Митрашиновиќ (Баскет КАМ) на средбата со Бадел 1862 во Скопје

Екипата од Македонска Каменица го направи потребниот „брејк“, го победи Бадел 1862 во Скопје, и реализира пресврт во финалната серија од плеј-офот. По стартниот пораз, кошаркарките на Баскет КАМ споија две победи, за водство од (2-1) во финалето, кое им дава и две меч-топки за титулата и освојувањето на двојната круна во оваа сезона.

БАДЕЛ 1862 – БАСКЕТ КАМ       59:71 (1-2)

За разлика од претходните два натпревари од финалната серија, кошаркарките на Баскет КАМ имаа одлично „влегување“ во натпреварот број 3.

Брзо направија гостинските кошаркарки висока предност. Во 6. минута имаа (20:6), две минути подоцна веќе беше (25:8), за првиот период од играта Баскет КАМ го затвори со (30:13).

Евидентно беше дека нивната игра беше далеку потечна, помирна. Немаше форсирање на шут од далечина. Се користеше она што како квалитет со себе го носат Гобељиќ и Митрашиновиќ, но сега со добри асистенти како Кметовска и Брајковиќ, макар то своите минути ги користеа и Зафировска, Игњатова и Белевска.

Од друга страна во играта на Бадел 1862 одново се беше базирано на одличниот двоец Стојановска-Трајчевска, Но видлив беше и заморот кај двете наши решрезентативки од преголемата минутажа која ја имаат не само во оваа серија, туку воопшто во вториот дел од сезоната.

ФОТО; Александра Стојановска (Бадел 1862) со ново одлично издание во финалето против Баскет КАМ 

Оној најважниот, во кој се делат трофеите.

Сличен беше развојот на настаните и во второто полувреме. Екипата од Македонска Каменица имаше и плус 26 (60:34), и слични (65:43) на крајот на третата четвртина.  

А Анџелика Митрашиновиќ уште една покажа дека е нашата далеку најдобра кошаркарка во овој момент. Стигна бекот на Баскет КАМ на чекор до нов неверојатен индивидуален скор. Беше на само еден скок до трипл-дабл ефект во кој освен 15.поени, имаше и 11.асистенции. 

Во сабота, во Македонска Каменица, следува четвртиот натпревар од финалната серија. Дали ќе биде и последниот, останува да ги дочекаме и тие 40.минути од големото финале.