10.05.2023

Кошаркарките од Македонска Каменица сега се на еден чекор до титулата, славеа со (62:53) за (2-0) во серијата

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Со трипл-дабл на Адамовска, Баскет Кам по втор пат подобар од Бадел 1862!

Вториот натпревар од големото финале, игран повторно во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, донесе далеку подобра игра на екипата која го брани трофејот. Но недоволно за успех, втор триумф за презизвикувачот.

БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862        62:53 (2-0)

По изедначеното прво полувреме, во кое изненадувачки, „баделки“ имаа еден поен предност (27:26), пресудна беше третата четвртина од вториот финален натпревар во оваа серија која треба да го даде новиот шампион на Македонија.

Односно периодот од 25. до 30.минута од играта во кој домашната екипа од негатива од два поени (36:38), стигна до резултатски пресврт. На крајот на третата четвртина, Баскет Кам 2011 поведе со (51:42), и предноста не ја испушти до крајот на натпреварот.

А го одбележи едно неверојатно индивидуално остварување. Го реализираше Сања Адамовска.

 Македонската репрезентативка одигра меч за паметење. Забележа трипл-дабл ефект, до кој дојде преку реализација на десет поени, исто толку асистенции, но и 11. скока во оние 40.минути кои ги помина на теренот!

Момент кој навистина ретко се забележува во историјатот на финалните натпревари во женска кокуренција.

До победата број 2 во оваа серија, Баскет Кам 2011 го донесе и учинокот на Димова, која реализираше 16.поени,  додека Тасевска имаше уште десет.

Матие беше далеку најдобриот подинец во екипата на Бадел 1862, беше стрелец на 23.поени, од нив 15 беа во првото полувреме во кое бранителот на титулата беше и подобар противник. Димитријевиќ и Маркоска реализираа уште по девет, а Лазаревска осум поени.

Третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, ќе се игра на 14.мај (недела) во салата „Независна Македонија“ во Скопје со почеток од 19.часот.

Доколку бидат подобри и на овој меч, кошаркарките на Баскет Кам 2011 по втор пат во историјата ќе ја освојата шампионската титула. Ако победи домаќинот, Бадел 1862, ќе се игра и четвртти натпревар во серијата.