21.04.2024

Многу важен триумф за девојките од Крива Паланка на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром (70:65)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Гостинска победа на Крива Паланка, Вардар и Куманово Гризли сигурни на домашен терен

Старт на четвртфиналните серии од плеј-офот и во женскиот сениорски сегмент. Донесе една гостинска и две домашни победи, за оваа втора фаза добие на уште поголема неизвесност.

За првото изненадување се погрижија кошаркарките на Крива Паланка кои направија „брејк“ на гостувањето во Скопје каде беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром со резултат (70:65).

Алексовска реализираше 21, Мек Кала ја следеше со 20, а Мазук додаде уште 15. поени за гостинската екипа која сега има почетна предност (1-0) во серијата.

На другата страна од теренот, Томас забележа 25.поени, Митева постигна 16, а Гејтон уште 12.поени.
Почетно водство во серијата имаат и кошаркарките на Куманово-Гризли. Беа убедливи на свој терен во првиот меч против екипата на Бадел 1862 со резултат (72:56).

Имаа одличен почеток домашните кошаркарки во првите десет минути изградија убедлива предност (23:4), која до полувремето ја зголеми на (40:16), по што веќе не се поставуваше прашањето за победникот.

„Баделки“ имаа најдобри моменти во последниот период, кога видно ја намалија високата негатива добивајќи го со (28-9).

Алексиќ постигна 24.поени за домашната екипа, Муса имаше 15,а Камп уште 10.реализации, додека пак кај Бадел 1862, во чии редови ги немаше странските кошаркарки, Маркоска постигна 16.поени, Алексовска имаше 11, а Стојковска уште девет поени.
Нешто порано, својот прв меч од серијата во четвртфиналето го одиграа кошаркарките на Вардар и  Пробаскет. Славеа девојките во „црвено-црна“ комбинација со убедливи (84:54), и се на една победа до пласман во полуфиналето.  

Својот прв плеј-оф натпревар бранителот на титулата, екипата на Баскет кам 2011 го закажа за 23.април (вторник), во 19.часот, пред своите гледачи во салата „Кирил и Методиј“ во  Македонска Каменица. За противник го имаат победникот во баражот, екипата на Патриот 2016 од Делчево.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – Пробаскет        84:54 (1-0)

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      65:70 (0-1)

Куманово-Гризли – Бадел 1862          72:56 (1-0)

23.АПРИЛ (ВТОРНИК)

19.00: Баскет кам 2011 – Патриот 2016

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица