Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на плеј-офот во женска сениорска конкуренција.
Ова откако во третиот меч од полуфиналната серија, беа многу поодобри од Бадел 1862, славеа со повеќе од убедливи (80:55),за конечни (2-1) во серијата.
И што е поважно место во големото финале, за прв пат во својата историја на постоење на клубот, каде ги чека серија со актуелниот бранител на шампионскиот пехар, екипата на Баскет кам која, претходно, во два натпревари го елиминираше МЗТ Скопје Аеродром.
Силен почеток имаа домашните кошаркарки, уште во раната фаза од мечот обезбедија висока предност (25:9), а веќе на полувремето таа разлика беше скоро двојна (40:21). Кога и стана јасно дека „баделки“ немаа сили за уште едно изненадување во овој серијал.
Робинсон беше прв стрелец во победничкиот тим, постигна 28.поени, Меклејни имаше 19. реализации, а капитенот Алексовска додаде 13.поени.
На другата страна од теренот, капитенот, Маркоска, запиша 13.поени зад своето презиме, Петрушевска заврши со 10.реализирани поени.