Екипите на Бадел 1862 и на Крива Паланка ќе одиграат уште еден, трет натпревар во полуфиналето на плеј-офот за да одлучат кој ќе игра во големото финале и ќе се стекне со прилика да атакува на шампионскиот трофеј.
„„Баделки“ славеа со минимални (83:82) во вториот меч од оваа серија против Крива Паланка, па викендов двете екипи ќе одиграат уште еден по кој ќе стане јасно кој ќе игра во финалната серија која го дава шампионот во женска сениорска конкуренција.
Блескаше Марија Николов, која реализираше 40.поени, а свои одлични поентерски моменти на овој меч имаа и капитенот на Бадел 1862, Маркоска која реализираше 19.поени, односно Петрушевска која постигна 15.поени.
Во гостинската екипа, Робинсон беше стрелец на 31.поен, Демерит даде 17, а по 16. имаа Алексовска и Меклејни.
Денеска, од 16.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, својот втор меч од полуфиналето ќе го одиграат екипите на Баскет кам и МЗТ Скопје Аеродром.
На првиот меч во Македонска Каменица, актуелниот бранител на трофејот стигна до убедлив триумф (74:42) и поведе со (1-0) во серијaта „подобар во три натпревари“.