21.05.2025

Баскет кам гостува во Крива Паланка (вечерва од 20.часот), со големи (2-0) и има три меч-топки за нова шампионска титула

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Крива Паланка, на домашен терен, бара прв „поен“ во финалето

Дали кошаркарките на Крива Паланка имаат сили да ја продолжат финалната серија од плеј-офот и да го запрат Баскет кам во обидот да јаа освои четврттата шампионска титула по ред?

Одговорот на тоа прашање ќе го дадат двата финалисти на вечерашниот натпревар, број 3 од финалната серија, кој е закажан за 20.часот, а ќе се игра во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка.

Екипата која ја брани титулаата е во голема, пред се психолошка предност, онаа која им ја дадоа победите во првите два натпревари одиграни во изминатата седмица во Македонска Каменица.
Пред предизвикувачот пак е голем психолошки притисок, еден императив на морање дека овој натпревар е од оние „да се биде или не“. Поедноставно кажано, победата ги води избраничките на тренерот Виктор Петровски кон уште еден меч, повторно на домашен терен.

Поразот пак ќе означи крај на една сезона во која екипата од Крива Паланка стигна до најголемиот успех во постоењето на клубот.

Извесно е дека домашната екипа ќе мора да најде начин да ја сопре изворедната Ивана Кметовска, која на првите два натпревари доминираше на двете страни од теренот, и дефинитивно, барем досега, е и најблиску до онаа награда за најкорисен играч во финалната серија.

Но силата на Баскет кам е во онаа стартна , репрезентативна петорка, која едноставно и дава сигурност на тренерот Жаклина Стојановска во борбата за нов шампионски пехар.

Сето тоа носи дополнителни возбудувања пред вечерашниот меч на теренот во Крива Паланка.