Екипата на Крива Паланка е третата која обезбеди пласман во полуфиналето на плеј-офот во Првата лига-жени.
Во вториот меч од четвртфиналето девојките кои од клупата ги предводи младиот тренер Виктор Петровски беа уште поубедливи против екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Стигнаа до повеќе од убедлив триумф (80:50) со кој ја затворија серијата со максимални (2-0) и премин во следната фаза во која ќе го чекаат подобриот од последната четвртфинална серија во која шампионот, Баскет кам 2011 има предност од (1-0) против делчевски Патриот 2016.
Капитенот Михаела Алексовска беше прв стрелец во победничката екипа, дојде до 21.поен, а Американките Мазук, МекКала и Хоукинс ја следеа со 18, со 16, односно со 12. реализации.
А во последниот меч за МЗТ Скопје Аеродром во оваа натпреварувачка сезона, Томас реализираше 13, а Митева имаше уште 11.поени.
Утре, од 17.часот, во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево, својот втор меч од четвртфиналната серија го играат екипите на Патриот 2016 и Баскет кам 2011.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром 80:50 (2-0)
Пробаскет – Вардар 54:75 (0-2)
Бадел 1862 – Куманово-Гризли 56:78 (0-2)
26.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)
17.00: Патриот 2016 – Баскет кам 2011
Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево