Екипата на Куманово Гризли ќе биде противникот на Вардар во полуфиналето од плеј-офот за шампионската титула.
Ова откако во вториот натпревар од четвртфиналната серија кумановки стигнаа и до втората потребна победа против Бадел 1862. Сега и на гостински терне, во салата „Независна Македонија“ каде славеа со сигурни (78:56) за (2-0) во оваа серија.
На овој натпревар, се беше завршено во првото полувреме, во кое гостинската екипа дојде до недостижна предност (47:30).
Ја креираа две искусни кошаркарки, Муса, која заврши со дабл-дабл ефект од 28.реализации и 12 скока, и Алексиќ која на 21 поен придодаде и 11 асистенции и 6.скока.
Во домашната екипа, која оваа сезона ја доигра без странски кошаркарки, Чолакоска постигна 14.поени, Димковска и Митрева по 10.
Чекор поблиску до полуфиналето, очекувано е бранителот на титулата, екипата на Баскет кам која во првиот меч од четвртфиналето убедливо го совлада делчевски Патриот 2016 со (101:52). Мечот во Македонска Каменица го одбележаа 40. поени на искусната Зубац, дополнети со 28.поени кои дојдоа од Димова.
Вечерва од 20.часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, својот втор меч од четвртфиналето ќе го одиграат екипите на Крива Паланка и на МЗТ Скопје Аеродром.
Екипата од Крива Паланка се стекна со почетна предност во серијата откако славеше на гостински терен во Скопје (70:65), и со евентуална победа на вечерашниот натпревар ќе биде дел од полуфиналето, каде, најверојатно за противник ќе ја имаат токму екипата која го брани шампионскиот трофеј.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
Пробаскет – Вардар 54:75 (0-2)
Бадел 1862 – Куманово-Гризли 56:78 (0-2)
Баскет кам 2011 – Патриот 2016 101:52 (1-0)
25.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)
20.00: Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром (1-0)
Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка