23.04.2023

Уште една победа го дели бранителот на титулата до место во големото финаlе, за кратко време, по втор пат подобри од стружанки (51:44)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Бадел 1862 не го дава домашниот терен, има големи 2-0

По вторуот успех во полуфиналната серија остварен на домашен паркет, Бадел 1862 има големи (2-0) против Струга 2009 и е на чекор до пласман во уште едно финале во плеј-офот за шампионската титула.

БАДЕЛ 1862 – СТРУГА 2009 51:44        (2-0)

Нерешено беше по првата четвртина (13:13). Но домашаната екипа одигра многу подобро во втората. Минути во кои „баделки“ се чини ја направија и клучната разлика на овој втор меч од полуфиналето.

До крајот на првото полувреме девојките во „сино-жолта“ комбинација поведоа со (23:15), а нивната добра втора четвртина ја затворија со идентични (27:19).

Во продолѓението од играта во салата „Независна Македонија“ без некои резултатски промени. Бранителот на титулата го одржуваше водството стекнато во првите 20.минути. На средината од третиот период, домашната екипа водеше со (34:25). Нешто подоцна, стигнаа и до првата двоцифрена и највисока разлика (40:27), и ја најавија втората победа во серијата „кој прв до три победи“.

Во последната четвртина домашната екипа влезе со предност од десет поени (42:32)...

И во решавачкиот период, без промени во играта, и во резултатот. Се чини дека Струга 2009 во овој момент тешко може во така краток временски период да одигра квалитетно против екипи кои реално се за нијанса подобри од нив.

Кетлин Матие со дабл-дабл од 18.поени и 11.скока, односно Мартина Маркоска со 15.поени и 8.скока, го предводеа шампионот кон новата победа во доигрувањето за титулата, во која Димитријевиќ се впиша со девет реализации, Димковска имаше пет, а Лазаревска додаде уште четири поени.

Во екипата на Струга 2009, очекувано, Сафија Ли беше прв стрелец, со 23.поени, кои ги дополни со 11 скока и три асистенции, додека Хадиса Зендели заврши со 12.поени и по четири скока односно додавања.

Следните натпревари, трети по ред, во серијата која треба да ги даде двете екипи-финалисти, ќе се играат на 26.април (среда), на теренот на послабопласираните екипи во регуларниот дел, МЗТ Скопје Аеродром односно Струга 2009.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Бадел 1862 – Струга 2009 51:44 (2-0)

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром   88:62 (2-0)

ИДНИ НАТПРЕВАРИ - 26.АПРИЛ (СРЕДА)

Струга 2009 – Бадел 1862

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011