26.04.2023

И по трет пат беа многу подобри од МЗТ Скопје Аеродром, сега и на гостински терен (83:48).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Баскет Кам експресно во финалето

Не препуштија ништо на случајноста кошаркарките од Македонска Каменица

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011   48:83 (0-3)

Практично се беше решено уште во првото полувреме од овој трет, и последен меч од полуфиналната серија. По првата четвртина, гостинскаат екипа се одвои на солидни (21:12), кои до полувремето ги претвори во уште повисоки, и недостижни (43:17).

Второто полувреме беше една чиста формалност, во кое тренерот на гостинската екипа Златко Гоцевски им даде шанса и на играчите кои имаат помал број на минути.

На крајот, Максимовска, со 17. реализации, беше прв стрелец во победничката екипа во која Николов дополни со 15, Адамовска постигна уште 12, а Тасевска имаше десет поени.

На другата страна од теренот, Симонс постигна 18. поени за МЗТ Скопје Аеродром, Петрова десет, а Митева додаде уште девет поени.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011 48:83 (0-3)

Струга 2009 – Бадел 1862 во тек (0-2)