26.04.2023

Денеска на распоредот, третите натпревари од серијата која ги дава финалистите

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Баскет Кам и Бадел 1862 сакаат со „трочекор“ во финале

Екипите на Баскет Кам 2011 и на Бадел 1862 денеска ја имаат првата меч-топка за пласман во големото финале на плеј-офот. Двете еипи кои и лани одлучуваа кој ќе биде државен првак во женска сениорска кпнкуренција, имаат голема предност (2-0) во полуфиналето, а пред денешните гостувања во Скопје односно во Струга.

Екипата од Македонска Каменица стигна до две убедливи победи против новиот освојува на Купот, МЗТ Скопје. Па денеска од 16.30 часот, во салата на КК „Вардар“ во Скопје, тимот кој од клупата го предводи Златко Гоцевски, со победа ќе обезбеди учество во ново финале.

Во иста ситуација е и актуелниот шампион. „Баделки“ исто така, ја искористија предноста на домашен терен и обезбедија две победи против составот од Струга, кој вечерва (18.30 часот), во салата „Нико Нестор“, ќе се обиде да обезбеди барем уште еден меч во серијата.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ (ДЕНЕСКА):

16.30: МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011 (0-2)

Сала на КК „Вардар“ - Скопје

18.30: Струга 2009 – Бадел 1862 (0-2)

Сала „Нико Нестор“ - Струга