Во првиот натпревар од полуфиналето, кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигнаа до убедлива победа против актуелниот освојувач на Купот, за почетно водство во серијата во која им требаат уште две за место во големото финале.
БАСКЕТ КАМ 2011 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 84:66 (1-0)
Кошаркарките на Баскет Кам 2011 имаа постојано водство на премиерниот меч од полуфиналето, макар што на дуелот пред своите гледачи имаа доста полесна задача со оглед на тоа дека на гостинките од Скопје и тоа како им недостасуваше присуството на една до најдобрите кошаркарки, Американката Ли.
Ја добија првата четвртина со (19:15), а до полувремето таа позитива беше уште повисока, односно двоцифрена (43:32).
Не попуштија во темпото кошаркарките кои ги предводи Златко Гоцевски. Практично поентираше комплетната прва петорка, што се покажа и како премногу за оние пет кои ги има(ше) на располагање, Вела Красниќ, тренерот на екипата која пред извесно време го победи истиот ривал во финалето на Купот на Македонија.
По три одиграни четвртини беше јасно дека девојките од Македонска Каменица ќе го освојат првиот од трите поени кои водат во финалето на плеј-офот (64:47).
Елена Тасевска со 25. поени, ја предводеше „четворката“ на двоцифрени кошаркарки во домашната екипа во која Димова даде 19, Николов реализираше 13, Поп Димитровска 12, додека пак Адамовска застана на бројката од девет поени,
Во гостинската екипа, поентерски се одвоија: Симонс со 22. реализации, Митева додаде 15, а Митрова и Живковиќ по 10, но недостасуваа поените од Ли.
Двете екипи ќе го играат вториот натпревар од серијата на 22.април (сабота), повторно на истито терен, во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
После првиот, Баскет Кам 2011 има почетни (1-0).
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром 84:66 (1-0)
Бадел 1862 – Струга 2009 (во тек)