Кој ќе игра во финалето на плеј-офот против екипата на Баскет Кам 2011, ќе одлучи петтиот меч од серијата во полуфиналето во која се среќаваат екипите на Струга 2009 и Бадел 1862.
СТРУГА 2009 – БАДЕЛ 1862 79:61 (2-2)
Стружанки одигра ауште еден одличен натпревар против актуелниот шампион. Уште во првата четвртина екипата коај ја предводи Владимир Ѓоровиќ се стекна со солидно водство од (24:27), кое го сочува до полувремето (39:31).
А пресудната разлика домашниот тим ја направи во оној трет дел од играта во која и на онака високото водство му додадоа уште девет поени, со кои се стекнаа со недостижни (60:43).
А се чини дека за прв пат во оваа серија, екипата од Струга имаше четири кошаркарки кои ја надминаа бројката од најмалк удесет поени. На „стандардно“ одличниот ефект на Американката Ли, која вечерва имаше дабл-дабл од 26.поени и 14.скока, се надоврза и оној на Хадиса Зендели коај уфрли 15, додека пак по 13 испорачаа Шеќероска и Биочанин. За нерешени (2-2) во полуфиналето во кое псоелдниот , петт меч ќе с еигра во Скопје, каде во улога на домашин е Бадел 1862, екипа во која на ово се одвои Марија Димитријевиќ, стрелец на 23.поени ( и седум освоени топки), Матие која даде 14 ( имаше и осум скока), и Лазаревска која дополни со десет.