Предизвикувачот беше подобар на третиот меч од серијата, стигнаа до сигурен триумф, по кој извесно е дека серијата ќе биде продолжена макар за уште еден...
Струга 2009 – Бадел 1862 62:52 (1-2)
Стружанки наметнаа свој ритам на игра уште од смаиот почеток. Во тој воведен дел поведоа со (20:12), а до истекот на првото полувреме таа позитива ја зголемија на (33:24) Во исто темпо избраничките на тренерот Владимир Ѓоровиќ продолжија и по одморот. Се стекнаа со уште поголема предност. На крајот на третиот дел водеа со (47:35), кои се покажаа како доволни за освојување на првиот поен во серијата.
Најголем придонес во овој успех очекувано, даде Американката Ли, која постигна 22.поени. А ново добро издание заокружено со реализација на 13.поени имаше и Зендели. Шеќероска запиша осум, колку што имаше и Кукунешоска.
Кај екипата на Бадел 1862, која ја одигра под очекувањата, Марие беше стрелец на 18.поени, додека пак капитенот Лазаревска даде уште 14.
Нешто порано, кошаркарките на Баскет Кам 2011 и по трет пат беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром, обезбедија место во финалето во кое ќе го чекаат победникот од оваа серија.
Четврттиот натпревар од серијата повторно ќе се игра на теренот во салата „Нико Нестор“, извесно, за време на викендот, а повторно во улога на домаќин е Струга 2009.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТИ НАТПРЕВАРИ
Струга 2009 – Бадел 1862 62:52 (1-2)
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011 48:83 (0-3)