22.04.2023

Повторно беа убедливи против МЗТ Скопје Аеродром, сега со (88:62) за високи (2-0) во серијата која се сели во Скопје

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Втор чекор за Баскет Кам 2011 кон финалето

Екипата од Македонска Каменица е на само еден чекор пред пласман во финалето на плеј-офот откако уште еднаш беше подобра од бранителот на Купот...

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром   88:62 (2-0)

Домашните кошаркарки обезбедија солидно водство уште во текот на првата четвртина, кое по десет минути игра изнесуваше девет поени (23:14).

Гостинките, предводени од одличната Симонс, анулираа добар дел од негативата во втората четвртина која ја добија со (20:13).

Се очекуваше дека тоа минимално водство на Баскет Кам 2011 ќе донесе уште поголеми возбудувања во второто полувреме. Но како одминуваа минутите, така паѓаше играта на гостинската екипа која во меѓувреме, поради пет лични грешки остана без своите две најдобри кошаркарки, Симонс и Живковиќ.

На крајот на третиот дел беше плус 8, за домашната екипа (50:42).

Но компелтниот „распад-систем“’ во играта на аеродромки дојде во последната во која фаворитот за место во во финалето притисна уште повеќе и на крјаот дојде и до убедлив триумф во кој Димова и Тасевска дадоа по 20 поени а Милованова уште 15.

Симонс беше најефикасен актер на овој втор меч од серијата, Американката во редовите на МЗТ Скопје Аеродром реализираше 30. поени. Но поради пет лични грешки  мораше порано да го напушти теренот. Исто така, пред да направи пет лични грешки, Живковиќ реализираше девет поени,

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Баскет Кам 2011 – МЗТ Скопје Аеродром   88:62 (2-0)

23.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.00: Бадел 1862 – Струга 2009 (1-0)

Сала „Независна Македонија “- Скопје