Со серијата од 15.поени во последниот период, бранителот на шампионскиот пехар ги урна надежите на гостинките од Крива Паланка за изненадување.
БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА 66:47 (1-0)
Имаа сосема солидно, според развојот на настаните, водство од (23:17), домашните кошаркарки. Но во последните минути од вториот период гостинките возвратија. Со своја серија од (11-5), го донесоа првиот меч од финалето до егал (28:28), како што беше резултатот на полувремето.
Во 29.минута од финалето, Баскет Кам дојде од највисоката предност, поведе со (48:40). Уште еднаш се заканија гостинките на почетокот на последната четвртина, намалија на (47:51).
Но од тој момент тргна серија на Баскет Кам (од 15-0), по која актуелниот првак дојде големи и недостижни (66:47).
И стартно водство во финалето на плеј-офот пред вториот меч, кој исто така, извесно во текот на викендот, повторно ќе се игра во Македонска Каменица.
Кметовска го предводеше победничкиот тим со 27.реализации. Одлича игра презентираше и Димова, која заврши со 24.поени, додека Максимовска помогна со уште осум.
Во гостинската екипа, Робинсон реализираше 13.поени, Меклејни имаше 12, а Ѓоргиевска 10.поени.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ-ПРВ НАТПРЕВАР
БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА 66:47 (1-0)