Кошаркарките на Вардар стигнаа до првиот триумф во полуфиналната серија од плеј-офот за шампионската титула во женска сениорска конкуренција.
Ова откако вечерва, во првиот меч од серијата „подобар во три натпревари“ беа подобри од екипата на Куманово-Гризли, славеа со конечни (72:67).
„Вардарки“ имаа предност во првиот дел од играта, изразена со седум поени (43:36).
Кумановки успеаа да направат резултатски пресврт во третиот период од играта. Десет минути кои ги добија со (17-6), и поведоа со (53:49). Но не продолжија во тој стил во четвртината на одлука.
Домашната екипа ги консолидираше своите редови. Со серијата од (13-4) во првите пет минути од последниот дел, ја врати предноста на својата страна (62:57), која успеа да ја одбрани во оние пет кои останаа до крајот на овој натпревар. И да поведе со (1-0) во оваа серија која за некој ден ќе се пресели во Куманово.
До првиот поен во серијата, Вардар го предводеа неколку кошаркарки. Макар што во преден план, со дабл-дабл ефект од 21.поен и 13.скока, се издвои Матие. Двоен број на реализации имаа и искусната Наков (14), како и Зафировска односно Димитријевиќ кои имаа по 12.поени.
Во екипата на Куманово Гризли, двоецот Алексиќ-Муса искомбинира 50.поени, Американката Џонсон дополни со десет, но недоволно за „брејк“ на овој прв меч од полуфиналето.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ
Вардар – Куманово-Гризли 72:67 (1-0)
Баскет Кам 2011 – Крива Паланка 83:67 (1-0)