Во првиот четвртфинален натпревар, Струга 2009 направи изненадување на гостински терен во Крива Паланка, Со многу подобра игра, особено тоа се однесува на второто полувреме. Стружанки се стекнаа со голем капитал во првите 40.минути од оваа четвртфинална серија од плеј-офот.
КРИВА ПАЛАНКА – СТРУГА 2009 69:77 (0-1)
Домашните кошаркарки беа подобри во првото полувреме. Го реализираа во своја корист со (44:39). Но на средината од третата четвртина , гостинската екипа стигна до резултатски пресврт. Во 25. минута, со серија од (12-3), стружанки поведоа со (51:47). И го натераа тренерот на Крива Паланка на ран тајм-аут.
Но не се задоволија гостинските кошаркарки со таа предност. До крајот на тие, за нив, одлични десет минути, се стекнаа со уште повисока позитива (61:55).
Никако не успеваа кошаркарите од Крива Паланка да најдат начин за поентирање. Долго време стоеја на бројката од 55 поени. Практично, за 12 минути во второто полувреме, имаа само 11. реализирани поени.
На почетокот на последниот дел, Струга 2009 поведе и со двоцифрени (69:55). Домашниот тим успеа да се доближи до достижна негатива (65:71) со серијата од (10-2). Имаа доволно време, повеќе од три минути, да направат и пресврт, но одново влегоа во серија на грешки и непрецизности, за што беа и казнети од борбениот и мотивиран противник.
По овој „брејк“ на гостински терен, онаа од Струга се стекна со почетно водство (1-0) во серијата, која за неколку дена се сели на нивен терен.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ- ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ
Крива Паланка – Струга 2009 69:77 (0-1)
5.АПРИЛ (СРЕДА):
18.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
Спортска сала на КК „Вардар“ - Скопје
19.00: Баскет Кам 2011 – Пробаскет
Спортска сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
20.00: Бадел 1862 – Гризли
Спортска сала „Независна Македонија“ - Скопје