04.05.2024

За прв пат во сезоната, шампионот загуби од Крива Паланка (71:77), драматична победа на „вардарки“ во Куманово (63:61), ја донесе Наков

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Вардар е во финалето, Крива Паланка и Баскет кам ќе играат „мајсторка“

Екипата на Вардар е првиот финалист на плеј-офот во женска сениорска конкуренција откако вечерва и во вториот меч од серијата беа подобри од Куманово-Гризли (63:61).

Најголемите заслуги за трумфот вреден финале одат кај најискусната кошаркарка, Славица Наков. Затоа што со своите пет поени дадени во последните 74 секунди донесе комплетен пресврт. Односно негативата (58:61), со двете реализации, прво за два, а потоа за три поени, ја претвори во победа вредна пласман во големото финале.

Кумановки кои водеа во најголем дел од мечот, имаа шанси и да победат, но неуспешни беа обидите на нивните најдобри кошаркарки. Прво не погоди (за три поени) Муса, а непосредно пред звукот на сирената за крај, не реализираше и Алексиќ, за големо славење на девојкитте во „црвено-црна“ комбинација кои со (2-0) ја затворија оваа серија.    

Димитријевиќ даде 14.поени за Вардар, Тасевска реализираше 13, Наков 11, но последните пет беа решавачки, додека  Матие имаше уште десет.

Муса ја заврши сезоната како играч на Куманово-Гризли со 21.реализиран поен. Петрушевска постигна 13.поени, Џонсон имаше 12, додека Алексиќ беше запрена на само девет поени.

А за прв пат во оваа сезона, кошаркарките на Крива Паланка стигнаа до триумф против екипата која ја брани шампионската титула. На свој терен го надиграа составот на Баскет кам 2011 со конечни (77:71), и на тој начин изедначија на (1-1) во серијата која треба да го даде вториот финалист.

Мазук беше стрелец на 20.поени во домашната екипа, МекКала постигна 19, а Алексовска реализираше уште 18.поени.

Во гостинската, Зубац постигна 24.поени, Адамовска ја следеше со 18, додека капитенот Поп Димитровска додаде уште десет поени.

Поради тоа ќе се игра и трет натпревар во кој победникот добива голма награда – финалист на плеј-офот.   

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

ПРВ НАТПРЕВАР

Вардар – Куманово-Гризли      72:67 (1-0)

Баскет Кам 2011 – Крива Паланка     83:67 (1-0)

ВТОР НАТПРЕВАР

Крива Паланка - Баскет Кам 2011      77:71 (1-1)

Куманово-Гризли – Вардар      61:63 (0-2)

*Полуфиналните серии се играат според системот „подобар во три натпревари“