09.04.2023

„Вардарки“ го возвратија ударот, победија во Аеродром, со убедливи (71:53) за (1-1) во четвртфиналето.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Вардар и МЗТ Скопје ќе играат „мајсторка“ за место во полуфиналето

Кошаркарките на Вардар реализираа голема победа во вториот меч од четвртфиналната серија од плеј-офот против МЗТ Скопје. Победија на гостински терен во Аеродром, со убедливи (71:53), израмнија на (1-1) во серијата која ќе има и трет одлучувачки меч, кој за неколку дена ќе се игра „Под Кале“.

Гостинската екипа ги доби, интересно, сите четири четвртини. Избраничките на тренерот Александар Ашаданов делуваа убедливо во првата (24:16), но и во втората четвртина во која остварија (18:11).

За убедливо водство на полувремето (42:27), недостижно за  екипата која ги елиминираше во полуфиналето од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Најискусната кошаркарка на теренот Славица Наков имаше и најмногу реализации – 26, а одлично ја следеа Деловска која имаше уште 15, а Џангаровска додаде 10 за победничката екипа.

Во поразената, Американката Симонс имаше 18 поени, Митрева 16, а Ли додаде само уште 11.поени, што беше премалку за победа на овој натпревар.    

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛE

РЕЗУЛТАТИ - ВТОР НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар         53:71 (1-1)

СТРУГА 2009* - Крива Паланка           67:54 (2-0)

Пробаскет - БАСКЕТ КАМ* 2011         58:83 (0-2)

Гризли - БАДЕЛ* 1862 48:70 (0-2)

*- полуфиналисти